Потврдени нови 90 случаи со COVID-19, починати девет, оздравени 48 пациенти

Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи со COVID-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6. 

Починати се девет лица од кои пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90 г.), хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64 г.).

Во ГОБ „8 Септември“ починаа пациентка (70 г.) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни,  пациент (61 г.) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57 г.), примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница пациент од Скопје (64 г.), кој починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на Ковид, а потврден позитивен по приемот.

Во Клиничката болница во Тетово починати се две лица, пациент (60 г.), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70 г.), хоспитализирана на 15 јуни. Во Општата болница во Охрид вчера е починат пациент (64 г.), чиј позитивен резултат е потврден денеска.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.196, бројката на оздравени пациенти е 1.974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.975. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 2.534, активни 1.721
•       Куманово 694, активни 241
•       Дебар 82, активни 30
•       Штип 275, активни 188
•       Прилеп 231, активни 18
•       Тетово 538, активни 326
•       Струга 180, активни 100
•       Велес 167, активни 33
•       Битола 42, активни 13
•       Охрид 112, активни 92
•       Кавадарци 11, активни 6
•       Гостивар 83, активни 50
•       Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 10, активни 6
•       Крива Паланка 11, активни 5
•       Радовиш 4,
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 61, активни 27
•       Пробиштип 13, активни 10
•       Демир Хисар 1,
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 6, активни 4
•       Виница 3,
•       Делчево 1,
•       Кратово 4, активни 2
•       Свети Николе 16, активни 14
•       Кичево 8, активни 5
•       Ресен 65, активни 64
•       Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 665 теста се преку: ИЈЗ –217, ЦЈЗ Скопје-34, МАНУ -189, Клиника „Жан Митрев“ -106 и Систина  со PCR метода (за вчера и денес)-119 . Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на COVID-19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти од кои на кислородна поддршка се 49 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на COVID-19.

До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 132 пациенти од кои на респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•       Чаир – 394
•       Аеродром – 135
•       Бутел – 144
•       Гази Баба – 156
•       Центар – 137
•       Карпош – 116
•       Сарај – 137
•       Кисела Вода – 98
•       Ѓорче Петров – 83
•       Студеничани – 86
•       Шуто Оризари – 73
•       Арачиново – 55
•       Илинден – 31
•       Петровец – 14
•       Чучер Сандево – 16
•       Сопиште – 13
•       Зелениково-2
•       Странец – 4
•       Нераспределен-4. 

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе