Познат датумот кога Apple ќе ги лансира iPhone 15 телефоните

Сега е официјално: Apple објави кога ќе ги претстави уредите од серијата iPhone 15.

Малку настани привлекуваат толку внимание како премиерата на новите iPhone. Од лансирањето на претходната серија, на интернет кружат гласини и внатрешни информации за моделите од серијата iPhone 15, а сега се знае кога ќе дознаеме што било вистина, а што не - Apple официјално ја закажа премиерата за 12 септември.

Наречен Wonderlust, овој настан, како и минатата година, ќе се одржи во кампусот на гигантот од Купертино, во амфитеатарот „Стив Џобс“, со почеток во 19 часот по македонско време.

Се очекува овој пат да добиеме четири нови модели на iPhone - iPhone 15, iPhone 15 Plus, iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max (можеби Ultra). Редовните модели ќе пристигнат со екрани од 6,1 и 6,7 инчи, а истите големини се очекуваат и на Pro телефоните. Гласините велат дека најголемата промена што ќе ја видиме кај обичните модели е заминувањето на засекот, односно имплементацијата на технологијата Dynamic Island, исечок во облик на таблета на екранот што ја чува селфи камерата и FaceID препознавање на лицето, што компанијата го претстави минатата година на моделите на iPhone 14 Pro.

Новитетот што го носат моделите Pro е освежен дизајн, нови материјали и најтенки рамки за екранот на пазарот. Наводно, рамките на телефонот веќе нема да бидат рамни, туку ќе гледаме заоблени рабови кон задниот дел, а гласините тврдат дека Apple конечно успеал да исполни нешто кон што се стреми со години, односно да направи телефон изработен од титаниум.

Уредите на iPhone 15 Pro се единствените што го добија најновиот Bionic A17, за кој се тврди дека е првиот чипсет изграден на процесот на производство од 3 nm. Има тврдења и за подобрен сензор за главната камера, но она што е уште поважно е додавањето на модул за перископ на моделот Pro Max, кој ќе им овозможи на корисниците оптички да зумираат 5 или 6 пати.

Она што е речиси потврдено, а несомнено ќе биде многу контроверзно, е отстранувањето на прекинувачот за исклучување на звукот што е на iPhone од самиот почеток. Наместо тоа, корисниците ќе видат ново копче чија функционалност сами ќе ја приспособат.

Apple ќе го пренесува настанот Wonderlust преку YouTube, официјалната веб-страница и преку апликацијата Apple TV.

Тагови
реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Мобилни

Кои iPhone модели најдобро држат цена за препродажба?

Read more

Првиот тројно свитлив телефон на Samsung е вистински ѕвер

Read more

Дали смартфоните стануваат уште поскапи?

Read more

Што најмногу ја троши батеријата на вашиот телефон?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботот Optimus на Tesla научи да трча

Читај повеќе

Колку заработуваат вработените во Google?

Читај повеќе

OnlyFans ѕвездата Софи Реин откри колку заработила за две години

Читај повеќе

Повторно падна Cloudflare

Читај повеќе

Кои iPhone модели најдобро држат цена за препродажба?

Читај повеќе

Што се гуглаше најмногу во 2025 година?

Читај повеќе

НАСА објави снимки од Марс и го потврди долгоочекуваниот феномен: Електрични искри во прашинските ѓаволи

Читај повеќе

Лажни порно страници шират малвер кој краде сè

Читај повеќе

Нов шок по астрономските цени: Micron се повлекува од пазарот на RAM и SSD дискови

Читај повеќе