Младата фудбалска трепрезентација на Македонија на крајот од месецов ги продолжува квалификациите за пласман на ЕУРО 2023 со натпреварите против Србија и Фарски Острови.

По тој повод селекторот Драги Канатларовски повика 23 фудбалери од кои 8 интернационалци, а од останатите има и двајца кои настапуваат во домашната Втора лига.
Голмани:
Давид Денковски - Брегалница
Марко Алчевски - Борец
Дамјан Серафимов - Охрид Лихнидос
Одбрана:
Филип Антовски - Аустриа (Австрија)
Блертон Шеји - Шкупи
Стефан Наумчевски - Тиквеш
Марио Младеновски - Македонија ЃП
Адриан Хајдари - Рапид (Австрија)
Бесир Исени - Струга
Јован Манев - Брегалница
Виктор Крстевски - Гостивар
Средина:
Алекс Златков - Триглав (Словенија)
Димитар Тодоровски - Работнички
Енис Фазлагиќ - Висла (Полска)
Сефер Емини - Македонија ЃП
Томче Гроздановски - ВиОн (Словачка)
Амел Рустемоски - Вил 1900 (Швајцарија)
Бојан Димовски - Академија Пандев
Арби Воша - Македонија ЃП
Лука Станковски - Газиантеп (Турција)
Напад:
Марко Ѓорѓиевски - Шкупи
Марио Илиевски - Септември (Бугарија)
Методи Максимов - Работнички
Како што објасни селекторот, на списокот требало да бидат и офанзивното крило Дашмир Елези од Шкендија и голманот Стефан Тасев од Македонија ЃП, но по консултации со У19 селекторот Неџат Шабани одлучиле дека во овој период двајцата можат да дадат многу поголем придонес во репрезентацијата до 19 години на силниот турнир што ги очекува во Португалија.
„Не очекуваат два натпревара кои се од исклучителна важност за нашата репрезентација. Радува фактот што сите фудбалери се здрави и подготвени за настап. Се надевам дека така ќе остане и по одигрувањето на кругот клупски натпревари пред почетокот на репрезентативните обврски. Првиот натпревар го играме против Србија во Белград, сакаме да се надигруваме против силни репрезентаци како нашиот северен сосед и се надевам на позитивен резултат. Србија е одлична репрезентација, имаат нов селектор и сигурно дека имаат голема желба за победа, меѓутоа ние имаме свои цели за натпреварот и се разбира дека се стремиме да победиме“, вели селекторот Канатларовски, пренесува ФФМ.
„Против Фарски Острови нѐ очекува уште еден тежок натпревар, Противникот е незгоден, иако сме фаворити на хартија. Не смееме да ги потцениме бидејќи докажаа во овие квалификации дека можат да се надигруваат со фаворитите во групата. Одиграа нерешено против моќната селекција на Франција и против Србија“, додаде.
На 24 март (четврток) нашите млади фудбалери гостуваат во Белград каде ќе ѝ се спротивстават на соседна Србија. Натпреварот почнува во 17:00 часот на стадионот на Вождовац. Потоа на 29 март (вторник) на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18:00 часот ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови.
Табела по 6. коло:
- Франција 20:1 16
- Украина 7:8 13
- Македонија 4:7 6
- Фраски Острови 4:5 6
- Србија 5:7 5
- Ерменија 5:17 3