УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Познати барабаните за жрепката за ЕУРО 2024 и баражите за последните три места

Со комплетирањето на квалификациските групи синоќа сега познат е и распоредот на барабаните во пресрет на ждрепката на групите за ЕУРО 2024.

Она што веднаш доаѓа до израз е силината на последниот шешир каде се наоѓаат Италија, Швајцарија и Србија, плус победниците од баражите во март.

Извлекувањето на групите за Европското првенство во Германија ќе се одржи в сабота на 2 декември во Хамбург во 18:00 часот.

Барабаните беа направени врз основа на постигнатите резултати во квалификаците. Домаќинот на турнирот автоматски има место во првиот барабан.

Барабан 1

Германија (домаќин)
Португалија
Франција
Шпанија
Белгија
Англија

Барабан 2

Данска
Унгарија
Австрија
Албанија
Турција
Романија

Барабан 3

Холандија
Шкотска
Словенија
Словачка
Чешка
Хрватска

Барабан 4

Италија
Швајцарија
Србија
бараж Лига нации А
бараж Лига нации Б
бараж Лига нации Ц

Баражите од лигите А, Б и Ц од сезоната 2022/2023 на Лигата на нации изгледаат вака:

Лига А

Полска - Естонија*
Велс - Финска/Украина/Исланд**

*Естонија како најдобра во Лига Д доби шанса да пополни празно место во Лигата А.

Лига Б

Израел - Украина/Исланд**
Босна и Херцеговина - Финска/Украина**

Како второпласирани во своите групи во Лигата Б, Финска, Украина и Исланд добија шанса да ги пополнат испразнетите места во Лига А и Лига Б. Со жрепка ќе биде одредено која од нив ќе игра бараж преку Лига А. Жрепката ќе биде сега в четврток во Нион, Швајцарија.

Лига Ц

Грузија - Луксембург
Грција - Казахстан

Баражите се закажани за март в година. Полуфиналните натпревари ќе се играат на 21 март, а финалните баражи кои ќе ги дадат последните три учеснички ќе се играат на 26 март.

Тагови
реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе