Прасето Пепа е инспирација за модифицираниот Ford Mondeo

Автомобилите инспирирани од цртаните филмови генерално изгледаат помалку сериозно во однос на Ford Mondeo од Украина, кој комбинира голем број визуелни модификации со ознаки на Прасето Пепа и розова фолија инспирирана од познатиот лик.

Peppa Project го започна животот како стандарден сив примерок на петтата генерација на моделот Mondeo во караван верзија, а во 2022 година сопственикот одлучи да го покрие со розова фолија од компанијата Inozetek. Обожавателите на анимираниот лик Прасето Пепа, децата и нивните родители, ќе забележат дека логоата на Ford се заменети со логоата на популарниот лик.

Автомобилот доби ултра-агресивен каросериски комплет од SS Tuning, вклучувајќи додатоци за браникот, продолжетоци на браници, лажни отвори за воздух, дифузер и заден спојлер, благодарение на овие компоненти Mondeo изгледа доволно спортски за да ја оправда значката ST на решетката на ладилникот, иако Ford Performance никогаш не произведе моќна верзија базирана на оваа генерација.

Сопственикот ги отстрани сите хромирани делови и додаде дел од редизајнираниот Mondeo ST-Line вклучувајќи го предниот браник, саќеста решетка и светлата.

Mondeo доби нов сет од 20-инчни бандажи TEC Speedwheels GT8 со пневматици Toyo Tires Proxes, како и дистанцери и KW суспензија. Сè уште не е познато дали има некакво подобрување во перформансите на моторот. Инаку, најмоќниот фабрички мотор за Mondeo беше 2.0-литарскиот Ecoboost со 237 КС.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе