Предлог за десерт: Колач од јаболка, ореви и гриз

Вкусен и лесен колач идеален како десерт за целото семејство.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша гриз
  • 1 чаша мелени ореви
  • Половина чаша остро брашно
  • Половина чаша масло
  • Половина чаша млеко
  • Половина лажичка цимет
  • Две средни јаболка

Начин на подготовка:

Излупете ги јаболката, па изрендајте ги. Во еден сад измешајте брашно, гриз, ореви и цимет. Во поголем сад ставете ги јајцата и шеќерот, па мешајте со миксер. Додадете масло и соединете со смесата, па на крајот ставете од млекото.

Кога добро ќе ги изматите маслото и млекото, додадете ги  ренданите јаболка, па измешајте. На крајот во смесата додадете мешавина од преостанатите суви состојки и добро соединете.

Намачкајте го плехот со масло или путер и посипете брашно. Истурете ја смесата и печете околу 40 минути на 180 степени.

Кога колачот ќе се одвои од работ на калапот и ќе добие златножолта боја, со чепкалка проверете дали има влажни остатоци од тестото. Ако нема, колачот е испечен и може да го извадите од рерна.

По желба посипете со шеќер во прав и послужете.

 

Тагови
реклама

Изјавата на Роналдо за Мбапе од пред два месеца сега е хит на денот

Read more

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Read more

Рецепт за најдобриот домашен тартар сос

Read more

Рецепти

Рецепт за најдобриот домашен тартар сос

Read more

Празнично мезе: Пилешки џигери завиткани во сланина

Read more

Оригинален рецепт за руска салата од XIX век

Read more

Сите погрешно ги прават: Готвач открива како правилно се пржат колбаси

Read more
 

Магазин

Преработени намирници кои се всушност добри за вас

Читај повеќе
  • play_arrow

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да направите детоксикација по празниците?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ги очекува брак во 2025 година

Читај повеќе

Што никогаш не треба да правите на празен стомак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Во игротека со мама и тета

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт за најдобриот домашен тартар сос

Читај повеќе

Храна што може да го намали ризикот од рак на дојка

Читај повеќе

5 фрази кои децата најмногу сакаат да ги слушаат од своите родители

Читај повеќе