Претреси во неколку градови - најдена дрога, петарди и муниција

Скопје, 18 декември 2021 (МИА) – Во претреси низ неколку градови низ земјава, МВР откри и заплени разни недозволени средства, по што ќе следуваат соодветни пријави.

На 17.12.2021 во 11:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(33) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени  бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети од кривично дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.12.2021 во 14:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(31) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени  повеќе пакувања со околу 500 парчиња пиротехнички средства – петарди.   По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.12.2021 во 21:50 часот на бул.„Јане Сандански“  во  Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 17.12.2021 во 21:30 часот на ул. „Рафаел Батино“ во Скопје, полициски службениици од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.12.2021 во 14:40 часот на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишиле од слобода А.С.(26) и А.Л.(22), двајцата од Скопје. На наведената улица А.С. бил забележан како на А.Л. ѝ дава марихуана, а таа нему пари. При нивен преглед, кај А.С. биле пронајдени пари, додека кај А.Л. била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик. 

На 17.12.2021 во 17:45 часот во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Т.М.(57) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе парчиња муниција од различен калибар. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 215 и член 396 од Кривичниот законик. 

На 17.12.2021 во 22.55 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода Д.Д.(26), Ф.Д.(24), К.С.(21), С.Ѓ.(20) од Виница и П.Ѓ.(21) од Кочани. При претрес во домот на Д.Д. и Ф.Д., извршен со судска наредба, каде биле затекнати и К.С., С.Ѓ. и П.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Хроника

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе