Претседателот Иванов не го потпиша Законот за ратификација на Договорот со Грција

Скопје, 26 јуни 2018 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.

Во Одлуката, што Кабинетот на Иванов денеска ја испрати до медиумите како писмо, се наведени причините поради кои претседателот нема да го потпише Указот.

Во продолжение е интегралната содржина на писмото:

„Во извршувањето на функцијата Претседател на Република Македонија секогаш постапувам одговорно и своите права и должности ги вршам врз основа и во рамките на Уставот, законите и интересите на Република Македонија. 

Затоа, врз основа на член 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишам Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година, и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 20 јуни 2018 година.

Одлуката ја донесов поради следните причини: 

1.  Немам мандат да го потпишам Указот за прогласување на законот за ратификација на оваа спогодба. Еден од столбовите на мојата политика во изборната програма од 2014 година е дека „не прифаќам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Не прифаќам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот.“ На претседателските избори 534.910 граѓани гласаа за оваа моја изборна програма и ме избраа на функцијата Претседател на Република Македонија. 

2.  Спогодбата излегува надвор од опфатот на резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, затоа што во нив се зборува за „разлика околу името на државата„, а не за „разлики“ како што зборува оваа спогодба. 

3.  Спогодбата нема уставен основ и не е ратификувана во согласност со Уставот. Според член 118 од Уставот на Република Македонија меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок. 

4.  Законот за ратификација на спогодбата не е во согласност со член 51, член 118 и член 119 од Уставот на Република Македонија. 

5. Спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција. Според член 308 од Кривичниот законик, „Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“.

Озаконувањето на оваа спогодба создава правни последици што се основа за кривично дело“, наведува претседателот Иванов во писмото до Собранието на РМ.

Пратениците на 20 јуни со 69 гласови „за“, без против и воздржани го ратификува договорот со Грција што на 17 овој месец во Преспа го потпишаа шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Според Уставот и собранискиот Деловник, во случај на вето од претседателот на државата, законот повторно оди во собраниска процедура, но тогаш ќе мора да биде изгласан со апсолутно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно да добие зелено светло од најмалки 61 пратеник. Законот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе