Претставен проектот за реконструкција на Универзална сала

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов заедно со премиерот Зоран Заев е архитектот Бујар Муча денеска го презентираа проектот за реконструкција на Универзалната сала.

Како што веќе е познато, Универзална сала ќе биде реконструирана во својот препознатлив облик и габарит, со што ќе го задржи автентичниот изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје.

„Идејата Универзална сала да ја сочуваме во постојната форма, на постојната локација, дојде по опсежна и отворена дебата и недвосмислено изразување на волјата на јавноста. Ова не значи дека се откажуваме од идејата за нова концертна сала во Скопје, но нашиот приоритет е да ја отвориме Универзална во нејзиниот полн капацитет уште во текот на оваа година“, рече градоначалникот Петре Шилегов во своето обраќање денеска.

За реконструкцијата парични средства одвои и Владата и тоа 120 милиони денари од биџетот на РСМ откако беше оценето дека овиј зафат е од огромно значење за скопјани и за историјата на македонската метропола.

„Универзална беше, Универзална останува дом на скопската радост, а нашата поинаква приказна во културата останува и понатаму инспирација за создавање на нова уметност на задоволство на сите генерации“, додате градоначалникот.

Универзална сала е изградена како дел од обновата на Скопје после разорниот земјотрес во 1963 година, а нејзината изградба била финансирана од 30-ина земји ширум светот. Салата била пуштена во употреба на 1 јануари 1966 година.

Фото: Град Скопје

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе