Презентирана редизајнираната Mazda 2 Hybrid

Пристојно редизајнираното издание на моделот на Mazda, кое во суштина е Toyota Yaris со различни значки, е придвижувано од хибриден погон кој комбинирано произведува 116 коњски сили.

Намалување на трошоците, зголемување на профитот, заеднички интерес... Како и да е, Mazda реши да ги поедностави работите, па неодамна претставениот модел од четвртата генерација од сегментот B (Б), кој се крие зад бројот 2, всушност е актуелниот модел на Toyota Yaris со различни ознаки и минимални промени на каросеријата.

Редизајнираниот модел, кој ќе им биде достапен на европските клиенти од следната година, со себе носи поинаков преден браник и решетка на ладилникот, друга боја на каросеријата (Glass сина) и пет ревидирани пакети на опрема кои се кријат зад имињата Prime, Centre, Exclusive, Homura и Homura Plus.

Клиентите кои веќе го имаат основниот пакет опрема може да сметаат на отклучување без клуч, USB-C конектор и мултимедијален систем кој е компатибилен со апликациите Android Auto и Apple CarPlay. Пакетите на побогатата опрема вклучуваат алуминиумски бандажи од 16 и 17 инчи, аудио систем со повеќе звучници, предни и задни паркинг сензори, LED светла, двозонска клима, поголем мултимедијален дисплеј, панорамски покрив...

Нема промени под кратката предна обвивка, а редизајнираната Mazda 2 е придвижувана од 1,5-литарскиот атмосферски 3-цилиндричен бензински мотор на Toyota, потпомогнат од електричен мотор во куќиштето на автоматскиот менувач. Максималната комбинирана моќност е 116 КС, што е доволно за забрзување од 0 до 100 км/ч за 9,7 секунди и 175 км/ч. Според нормите WLTP, просечната потрошувачка на гориво е 3,8 литри на 100 километри.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе