Причини, штета, историја: Што знаеме за денешниот пожар во Универзална?

Утринава избувна пожар во кровниот дел на Универзалната сала во Скопје, чија реконструкција почна минатиот месец, по пауза од две години.

Како што објави ЦУК, гореше една од куполите на Универзалната сала. Подоцна надлежните објавија дека пожарот е локализиран.

Колапс на покривната конструкција, оштетени се ролетните на околните објекти поради високата температура

Настана колапс на покривната конструкција и се работи на догаснување, има висока температура сè уште во објектот на Универзалната сала и не може да се пристапи до сите места, истакна командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.

Тој рече дека поради густиот чад и високата температура, забележани се оштетувања на ролетните на соседните објекти.

Томески вели дека пожарот за кусо време бил ставен под контрола иако имало висока температура во самиот објект, а интервенирале 9 противпожарни возила и 24 пожарникари.

Томески потврди дека нема повредени, а во моментот на избувнувањето немало градежни работници. Како што рече, материјалната штета е евидентна, но не може веднаш да биде констатирана.

Интервенцијата на пожарникарите ја оцени како успешна од аспект на брзината и тоа што нема повредени пожарникари и граѓани.

Стар кабел може да е причината

Пожарот во Универзалната сала во Скопје се случил во стариот дел и можно е да бил предизвикан од стар кабел или стара инсталација, изјави Лазар Арсовски, сопственик на „Универзал Балкан“ – Скопје, фирмата изведувач што го реконструира објектот.

Тој рече дека во моментот на пожарот внатре немало инженери и работници зашто денеска немале градежни активности.

„Само еден инженер беше надвор од салата, во нејзините канцеларии, и имавме чувари, двајца работници. Во прв момент, претпоставуваме, дали стар кабел, не можеме да знаеме сега. Некоја стара инсталација, тргнал чадот, никој немало во салата. Моите мајстори се обиделе со противпожарен апарат да го изгаснат, тоа се иверки стари со години, суви и бргу горат“, рече Арсовски.

Тој се надева дека за новата конструкција ќе нема проблеми и рече дека без разлика кои се на власт – политички партии, градоначалници – оваа сала што побргу треба да се направи.

Поранешниот директор на Универзална: Мојот најголем страв беше дека еден ден ќе има пожар, објектот беше измалтретиран

„Видно ме вознемири веста дека гори Универзалната сала“, рече поранешниот директор на Универзална сала, Душко Поповски, кој стигнал на самото место веднаш по информациите дека гори објектот.

„Дојдов да видам што се случува. Бев директор од 2005 до 2009 година, време во кое и тогаш беше преамортизиран објектот. Дури беше и на граница на употреблива вредност. Ваков објект од привремен карактер не смееше да работи во такво светло последните 40-50 години. Не работи веќе последните 7-8 години“, изјави Поповски.

Прва информација што ја примил кога станал директор, како што рече, била дека сличен проект или ист таков, бидејќи е бугарски проект, во Бугарија изгорел за седум минути.

„Можете ли да замислите каква трагедија би била во случај на преполна сала. Тоа беше мојот најголем страв дека еден ден ќе има пожар и навистина има, но, за среќа, веројатно, без човечки жртви денеска и без повредени луѓе. Навивам да е така. Универзалната сала беше синоним за сите луѓе во Македонија, веројатно најпознатиот објект, попрепознатлив и од Старата железничка станица и од Зоолошката градина и од сите објекти во оваа држава. Мислам дека за Универзалната сите знаеја“, додаде тој.

Жалосно е, како што вели, што објектот бил толку измалтретиран и што не се направил уште пред 30 години.

„Уште во 2005 година, кога јас стапив на должноста, имаше проект за реконструкција и доградба. Тој проект се менуваше, пак велам, не знам за какви интереси, меѓутоа тој проект што јас го почнав во тоа време не се реализира“, нагласи Поповски.

Град Скопје: Универзалната сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да забошоти што правел

Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзалната сала, кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година, е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа не може да се продолжи да се гради. Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборуваме, велат од Град Скопје по денешниот пожар кој избувна во Универзалната сала.

„Две години укажувавме дека додека не се обезбедат нов проект и сериозна ревизија на градбата, која е спротивна на проектот, нема шанси никој од Градот да потпише градба и продолжи каква било реализација.

Советниците во Советот на Град Скопје на седница во јули 2023 година одлучија Министерството за култура да ги преземе Универзалната сала и нејзината реконструкција. По неколку месеци, мистериозно гори Универзалната сала наместо да се ревидира што правел изведувачот.

Министертвото за внатрешни работи итно да ги истражи причините и доколку се открие дека е во прашање човечки фактор и мотивирано е од погрешната и небезбедна градба за што има соодветна документација, а за која укажувавме две години и поради која одбивме да продолжиме со изведувачот избран од претходното раководство, институциите да си поведат соодветни постапки за одговорност“, посочуваат во реакцијата од Градот.

„Универзалната сала е на скопјани и на Македонија, некој се обидува да забошоти што правел, а за што јавно говоревме 2 години и бевме напаѓани од центрите на моќ и кеш. Ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си ги покриете делото и срамот“, велат во соопштението.

Костадиновска-Стојчевска повика на брзо утврдување на причините за пожарот

Министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска, изјави дека во моментот на избувнувањето на пожарот во Универзалната сала немало никој, и со тоа нема жртви и повредени.

Таа повика на брзо расчистување на причините за пожарот.

„Вознемирена сум од она што го гледам. Информацијата за пожарот ја добив околу 9 часот. Објектот е осигурен и ќе се санира од тие средства и ќе се продолжи со градба“, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Како што појасни, додека не се расчистат причините за пожарот, реконструкцијата ќе биде стопирана.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе