Пожар на просторот во Универзалната сала. Гори кровната конструкција.
На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје, потврдија од ЦУК.
Гори една од куполите на објектот, а противпожарните единици на Град Скопје се на лице место, информираат од ЦУК.
Редакцијата на КАЈГАНА доби видео од читател на кое се гледа како пламените јазици ја голтаат Универзална сала чија реконструкција почна минатиот месец, по пауза од две години.
Video file