Приказна за децимацијата - најсуровата казна во древниот Рим

Најпознатиот пример за децимација се случил по Спартаковото востание, кога голем број римски војници побегнале од бојното поле.

Се разденило во еден од логорите кои римските легии ги подигнале долж реката Мајна во Германија. Под црните облаци се собрале дезертери од битката која се водела против варварските племиња од границата на царството. Меѓу нив се наоѓал и Рутилиј, легионер кој им се молел на боговите да му ја водат раката во моментот кога центурионот му ја пружал вреќата со шарени камења. Заврнало токму во моментот кога командирот излегол од шаторот и се подготвувал да ја набљудува една од најтешките смртни казни на која еден римски војник можел да биде осуден.

Еден од десет

Ред и дисциплина отсекогаш биле еден од главните столбови на римските легии. А многумина денес сметаат дека слепата послушност на нивните војници ја претставувала разликата која им гарантирала успех. Меѓутоа, некогаш се случувало честа на легионерите да биде доведена во прашање. Поради тоа бил смислен начин како да се казнат сите оние што се осудиле да дезертираат и да ги напуштат своите другари на бојното поле или оние кои се осудиле да ја доведат во прашање наредбата која им била дадена. Тој начин се вика децимација, или во превод на македонски - десеткување.

Не станува збор за вообичаена казна како јавното камшикување кога некој стражар ќе заспиел, а била пострашна и од missio ignominiosa која подразбирала губење на пензијата после 20 години служба во војска. Била сурова и нејзината примарна цел била да ги заплаши сите оние кои ќе помислат да го предадат Рим.

Изгледала вака: откако ќе се формирале кохортите, помеѓу групи од 10 дезертери била фрлана вреќа полна со бели и црни камења. Со жрепка било одлучувано кој човек од групата останатите мораат да го претепаат или да го каменуваат до смрт, додека оние посреќните биле казнувани така што добивале лоша храна и морале да спијат вон палисадите. Доколку некој од групата ќе одбиел да ја изврши наредбата за тепање или каменување до смрт на несреќниот другар, бил убиван на лице место. Потекнува од латинскиот збор decimatio што значи „остранување на десеттина“.

„Ако некој од кохортите побегнел од битка, тој (Октавијан Август, заб. на прев.) ги десеткувал, а преживеаните ги хранел со јачмен“, напишал Светониј.

Првите траги од употреба на ваков вид на казнување се наоѓаат во изворите кои известуваат за Самнатските војни од 294 година п.н.е., иако до денес најпознат пример на ваквата сурова пракса е случката од 73 година п.н.е. кога Марко Ликиниј Крас наредил на ваков начин да се казнат сите војници кои побегнале од бојното поле за време на битката со востаниците на Спартак.

Римска гордост

Парадок е што овие видови на екстремни мерки предизвикувале анимозитет на војниците кон нивните команданти, што на крајот имало повеќе штета отколку корист. Вината секогаш била префрлувана на трупите, додека генералите во најголемиот дел од случаите се извлекувале за својата погрешна тактика. Поради тоа не е чудно што децимацијата престанала да се употребува веќе во времето на Галба, односно околу 68 година од новата ера.

А, што се случило со протагонистот од приказната која ја начнавме на почетокот? Кога му дошол неговиот ред да влече камен за да му се одреди судбината, Рутилиј погледнал во небото и уште еднаш промрморил молитва до боговите. Потоа со раката посегнал во вреќата и извлекол камен - со бела боја. На усните му се развлекол здив на олеснување. Успеал. Тоа не можел да го каже и војникот кој стоел на неговата лева страна бидејќи извлекол црн камен кој му ја запечатил судбината.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Вести

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more
 

Гик

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе