Принцот Хари пишува мемоари кои треба да бидат објавени кон крајот на 2022 година, потврди издавачката куќа Penguin Random House. Војводата од Сасекс рече дека се надева оти мемоарите ќе бидат „расказ од прва рака за неговиот живот што е точен и целосно вистинит“.
Издавачот Penguin Random House најави дека книгата на Хари ќе биде „интимен и искрен мемоар“ кој ќе го покрива „животниот век на Хари во очите на јавноста од детството до денес“.
„Не го пишувам ова како роден принц, туку како човекот што станав“, вели принцот.
„Со текот на годините, носев многу 'шепири', и буквално и фигуративно, и се надевам дека при раскажувањето на мојата приказна - подемите и падовите, грешките, научените лекции - можам да ви помогнам да покажете дека без разлика од каде сме, имаме повеќе заедничко отколку што мислиме“, објаснува Хари.
Мемоарите ќе го опфаќаат и неговото искуство со војската во Авганистан, како и „радоста што ја најде во улогите на сопруг и татко“, се додава во соопштението.
„Принцот Хари ќе понуди искрен и привлечен личен портрет, кој на читателите им покажува дека зад сè што мислат дека знаат, лежи инспиративна, храбра и оптимистична човечка приказна“, велат од издавачката куќа.
Маркус Дол, извршен директор на Penguin Random House, рече дека издавачката куќа е воодушевена што ќе ја објави „искрената и трогателна приказна“ на Хари.
„Принцот Хари го искористи своето извонредно животно искуство како принц, војник и социјален застапник, поставувајќи се како глобален лидер признат по својата храброст и отвореност“, додава Дол.