Пристигна последниот трејлер за „Aquaman“
Ни останува само уште еден месец до премиерата на „Aquaman“, новиот филм на DC Comics. Кралот на океанот е подготвен за борба против злото, а Џејсон Момоа (барем во трејлерите) изгледа како совршен за улогата.
Во „Aquaman“ покрај Момоа се појавуваат уште и Амбер Херд, Патрик Вилсон и Долф Ландгрен а актерската екипа се заокружува со Оскаровката Никол Кидман.
Премиерата на филмот е закажана за 21 декември.