Промени на врвот во Киев поради обид за државен удар против Зеленски

Обид за државен удар против украинскиот претседател Володимир Зеленски е вистинската позадина на „чистката“ што Зеленски ненадејно ја изврши во врвот и структурите на безбедносниот апарат и обвинителството под обвинението дека се откривани државни и воени тајни на руската страна, пишува денеска италијанскиот весник La Repubblica.

Во прашање бил и „план на безбедносниот апарат координиран со Москва за радикална промена на власта во Киев и смена на Зеленски од врвот на државата“, додава римскиот весник, пренесува Бета.

Многу медиуми во Европската унија (ЕУ) внимателно ја следеа веста дека Зеленски го разреши шефот на украинската служба за безбедност, неговиот долгогодишен пријател Иван Баканов, како и државната обвинителка Ирина Венедиктова.

Францускиот весник Le Monde сто така пишува дека украинскиот претседател „почнал лов по соработници и предавници“ кои биле обвинети дека во најмала рака не знаеле за соработката и велепредавството на нивните подредени во корист на рускиот окупатор“, што сега „ја зајакна позицијата на ’сивата еминенција‘ во Киев Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател“.

Шпанскиот дневен весник El Pais од Киев јавува дека „над главата на сменетиот шеф на безбедноста Баканов виси Дамоклов меч од почетокот на руската офанзива, а Зеленски целосно ја изгубил довербата во него кога украинскиот град Херсон падна во руски раце, а украинските сили не беа во можност да ја проценат и да се спротивстават на рускиот продор“.

Зеленски, додава мадридскиот весник, претходно смени некои клучни генерали на командни позиции и врвот на воената разузнавачка служба.

За општиот заплет во Украина да биде уште покомплициран, зборува и, според Паис, вистинскиот политички земјотрес предизвикан во Киев од страна на американската сенаторка Викторија Спарц, која во писмо до претседателот Џозеф Бајден побара да се истражат можните импликации на моќниот шеф на Кабинетот и најдоверливиот човек на Зеленски, Андриј Јермак, поради неговата наводна поврзаност со Москва.

Во писмото до Бајден, американската конгресменка тврди дека Јермак протекол информации во Белорусија, што било отфрлено од украинското Министерство за надворешни работи и од владејачката Демократска партија.

На 9 јули Зеленски ги отповика и ги смени украинските амбасадори во Германија, Унгарија, Чешка, Норвешка и Индија.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Свет

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more
 

Вести

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе