Времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 27°C.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 25°C.
В среда ќе има изолирана, а во четврток на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Од петок и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи.