Промоција на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“

Најавена е промоцијата на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“, приредена од Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска, издание на Поетска ноќ во Велестово, поддржана од Министерството за култура.

Читачката промоција ќе се одржи на 14 септември од 19 часот во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје.

Изданието содржи песни од 114 поетеси што живееле/живеат и твореле/творат во Македонија од времето на преродбата, па до ден-денес.

Промотори на книгата ќе бидат приредувачите Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска.

Стихови ќе читаат: Гордана Михаилова-Бошнакоска, Сеида Бегановиќ, Дијана Петкова, Елизабета Баковска, Ана Димишковска, Сузана В. Спасовска, Маја Апостолоска, Ана Стојаноска, Емељ Туна, Николина Андова Шопова, Биљана Стојановска, Александра Спасеска, Ана Голејшка Џикова,

Лира Бојку, Христина Цветаноска, Ивана Јовановска и Софија Тодороска.

„Бранот на романтизмот што ја зафатил Македонија во средината на XIX век, всушност го претставува зародишот на македонското женско творештво. Врз него е изградено и современото македонско женско авторство, како впрочем, и целокупната современа македонска книжевност“, вели во предговорот Славчо Ковилоски.

„Нѐ радува фактот што современата генерација авторки е рамноправна на книжевната сцена, освојувајќи значајни меѓународни поетски награди, членувајќи во жиријата за доделување награди, а некои од нив се и издавачи, организатори на поетски фестивали и слично. Особена надеж полагаме во најновата генерација поетеси и со нетрпение чекаме да го посведочиме нивниот голем успех.

Прославувајќи ги овие исклучителни гласови на македонските поетеси свесни сме за дострелите на македонската поезија воопшто, а нивното поетско писмо претставува растреперен лирски нерв моќен да разбуди емпатија, разбирање и длабока човечност“, ќе истакнат Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска.

Промоцијата е дел од богатата понуда на Град Скопје ‒ кандидат за европска престолнина на културата за 2028 година.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Култура

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе