Прв пораз на Австрија, Германија и Шпанија сигурни

Ракометарите на кодомаќинот Австрија го забележаа првиот пораз откако беа надиграни од Хрватска, додека Германија и Шпанија немаа проблеми со Чешка и Белорусија во првото коло од втората фаза.

Група I

Кодомаќинот Австрија, која со максимален ефект ја мина групата во која беше и Мкаедонија, го забележа првиот пораз пред своите гледачи откако беше немоќна пред Хрватите. Златко Зорват постигна 6 голови, додека Лука Циндриќ и Домагој Дувњак по 5, а кај Австријците 6 беа дело на Роберт Вебер. Домашниот голман Томас Ајхбергер запиша 10 одбрани, повеќе од двата хрватски голмани заедно, но и тоа не беше доволно за Австријците да го избегнат првиот пораз.

Германија ја преслуша Белорусија победувајќи со 8 разлика и вкупно 31 гол. Интересно, кај Германците во листата на стрелци се запишаа сите 14 ракометари, само двата голмана останаа без постигнат гол од кои Андреас Волф забележа 12 одбрани.

Синоќа, денот започна со победата на Шпанија над Чешка од 6 разлика. Иако најефикасен беше Чехот Ондреј Здрахала со 8 голови, Шпанците малку фалеше да бидат како Германците, сите да постигнат гол со тоа што кај нив ефикасен беше и голманот Гонсало Перес, а просекот го расипа играчот Аитор Арино кој од единствениот удар промаши.

Шпанија - Чешка 31:25
Хрватска - Австрија 27:23
Белорусија - Германија 23:31

Табела:
1. Шпанија 4 64:51
2. Хрватска 4 58:46

3. Германија 2 57:56
4. Австрија 2 55:56
5. Чешка 0 54:63
6. Белорусија 0 46:68

Денеска се играат натпреварите од втората втора, а се среќаваат:

16.00: Словенија - Исланд
18.15: Норвешка - Унгарија
20.30: Португалија - Шведска

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе