КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Прва прозивка на Спалети: Познати Аѕурите што ќе дојдат во Скопје

Филип Здравески
/ 02.09.2023 / 11:36

Новиот италијански селектор, Лучано Спалети, го објави списокот на играчи со кои Италија ќе дојде во Скопје за квалификациската пресметка на 9 септември.

Стратегот кој ланската сезона на Наполи му го донесе Скудетото по 33 години чекање, и кој месецов го замени Роберто Манчини, повика 29 фудбалери за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕУРО 2024 против Македонија и Украина.

Дебитант е дефанзивецот на Лацио, Николò Казале, а по подолго време во репрезентацијата се враќаат Матиа Ѕакањи, Кристиано Бираги, Џанлука Манчини и Мануел Локатели. Затоа, пак, ги изостави стандардните Леонардо Бонучи, Марко Верати, Жоржињо и Доменико Берарди, додека Франческо Ачерби е повреден.

Италија ќе се собира од 3 септември во стандардната база во фирентинската населба Коверчано. В петок на 8 септември ќе полета за Скопје.

На списокот има најмногу играчи на Интер и Лацио, по 5. Пет се и интернационалци, додека сите остантати играат во Серија А. Интересно, од интернационалците повикан е и Њонто од Лидс, кој игра во втората англиска лига, односно Чемпионшип.

Голмани:
Џанлуиџи Донарума - ПСЖ (Франција)
Алекс Мерет - Наполи
Иван Проведел - Лацио
Гуљелмо Викарио - Тотенхем (Англија)

Одбрана:
Алесандро Бастони - Интер
Кристиано Бираги - Фиорентина
Николò Казале - Лацио
Матео Дармјан - Интер
Џовани Ди Лоренцо - Наполи
Федерико Димарко - Интер
Џанлука Манчини - Рома
Алесио Ромањоли - Лацио
Џорџо Скалвини - Аталанта
Леонардо Спинацола - Рома

Средина:
Николò Барела - Интер
Брајан Кристанте - Рома
Давиде Фратези - Интер
Мануел Локатели - Јувентус
Лоренцо Пелегрини - Рома
Матео Песина - Монца
Сандро Тонали - Њукасл (Англија)

Напад:
Федерико Кјезa - Јувентус
Вилфрид Њонто - Лидс Јунајтед (Англија)
Чиро Имобиле - Лацио
Матео Политано - Наполи
Џакомо Распадори - Наполи
Матео Ретеги - Џеноа
Матиа Ѕакањи - Лацио
Николò Ѕаниоло - Астон Вила (Англија)

URL

Денеска беше и официјалната презентација на Спалети пред новинарите.

Македонија и Италија играат на 9 септември од 20:45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Картите по цена од 300 и 500 денари се веќе во продажба.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе