КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Пуштени во продажба билетите за Македонија - Италија

Филип Здравески
/ 30.08.2023 / 15:11

Од денеска љубителите на фудбалот во државава можат да си набават влезница заа квалификацискиот натпревар Македонија - Италија закажан за 9 септември.

Фото: Филип Здравески (Кајагана)

„Аѕурите“ со новиот селектор Лучано Спалети доаѓаат во Скопје по одмазда за елиминацијата во баражот за пласман на Мундијалот во Катар. За италијанскиот стратег ова ќе биде натпревар на селекторското столче, а в петок ќе го соопшти списокот со повикани играчи. Нашиот Милевски тоа го стори денеска.

Сите што сакаат да го гледаат во живо актуелниот европски шампион тоа ќе можат да го сторат по цена од 500 и 300 денари, во зависност од одбраното место на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Продажбата на билети е возможна исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите. Онлајн не се продаваат билети.

Северна трибина
Блок 13 и 19 - 300 денари
Блок 14, 18, 20 и 24 - 500 денари

Јужна трибина
Блок 1 и 6 - 300 денари
Блок 2, 3, 4  и 5 - 500 денари

Западна трибина
Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 - 300 денари

Источна трибина
Не се продаваат карти - резервирана е за гостински навивачи

Билетарата лоцирана Источната трибина во делот кон Јужна ќе биде отворена на 7, 8 и 9 септември од 10:00 до 18:00 часот. 

Продажни места:

Скопје:
• Југотон - ГТЦ 1
• ЛитератураМК - Сити Мол
• ЛитератураМК - Ист Гејт
• ЛитератураМК - Веро Центар
• Литература - ТЦ Буњаковец
• Литература МК  - ул. „Македонија“
• ЈК Травел - ТЦ Бисер
• Макпетрол - Козле
• Макпетрол - „Илинденска“
• Макпетрол - Влае

Битола:
• Литерара МК
• Тобако Брадерс

Велес:
• Унисон

Гостивар:
• Тобако Вона 5

Куманово:
• Тобако Агора

Охрид:
• ТА Вис Пој

Прилеп:
• ТА Бран

Радовиш:
• ТА Халкидики

Струмица:
• Литература МК 
• ТА Сафари

Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе