ПСЖ остана и без Кимпембе

ПСЖ славеше со убедливи 3:0 кај Марсеј во натпревар од 25-тото коло од француското првенство, но доживеа нов пех.

На таа средба парижаните ги снајде нова неволја. Лошата вест е сериозната повреда на дефанзивецот Преснел Кимпембе.

Во 15-тата минута тој спринтираше кон својот гол за да спречи напад на ривалот, околу него немаше никој кога се сруши урлајќи од болка. Кимпембе ја обнови повредата на Ахиловата тетива, поради која не играше во последните три месеци.

Покрај оваа сериозна повреда, која сега ја обнови, Кимпембе пропушти дури 21 натпревар сезонава поради повреди на тетивата и листот.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтје, потврди дека Кимпембе нема да му биде на располагање на тимот до крајот на сезоната.

„Тој ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната. Веднаш знаевме дека станува збор за многу сериозна повреда“, рече Галтје.

Пари Сен-Жермен потврди дека Кимпембе ќе отсуствува најмалку 4 месеци, но сериозноста на повредата допрва треба да се утврди по детални прегледи.

Претходно ПСЖ го загуби и Нејмар, а моментално во аут се и Ашраф Хакими и Ренату Саншеш.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе