Пуштена во употреба најголемата батерија во Европа

Најголемата батерија во Европа официјално е ставена во функција, поврзувајќи на мрежата систем кој може да складира доволно електрична енергија за да напојува 300.000 домови до два часа.

Овој објект, кој се наоѓа во Котингем, Велика Британија, е изграден од Harmony Energy Limited и користи технологија на Tesla.

Овој објект не е една голема батерија, туку систем на уреди на Tesla Megapack, кој со својот вкупен капацитет може да складира до 196 MWh електрична енергија во еден циклус, обезбедувајќи услуги за балансирање на мрежата и во исто време овозможувајќи изворите на фосилни горива да се заменат со обновливи извори како соларни фарми и турбини на ветер.

Секој Tesla Megapack може да складира преку 3 MWh енергија, што е доволно за напојување на 3.600 домови за еден час. Harmony Energy Limited не прецизираше колку од овие уреди користела во изградбата, но врз основа на придружната фотографија во соопштението за медиумите, на локацијата има најмалку неколку десетици единици.

Harmony Energy Limited велат дека проектот првично беше планиран да профункционира во две фази - во декември 2022 и март 2023 година - но поради предизвикувачкиот зимски период, тие одлучија уште сега да го приклучат целиот систем на мрежа. Компанијата наведува дека во наредните години ќе отвори уште шест вакви погони.

Минатиот месец, Канцеларијата за пазарот на гас и електрична енергија соопшти дека Велика Британија може да доживее недостиг на гас оваа зима поради конфликтот во Украина. Гасот е одговорен за производство на помеѓу 40 и 60 проценти од електричната енергија во ОК, а недостигот може да има големо влијание врз производството.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе