Дел: 1

Работи кои би било фино да се променат во Аеродром

Со над 78.000 жители, Аеродром е една од најголемите и брзорастечки општини во Македонија. И иако располага со добро развиена инфраструктура, голем број на зелени површини и паркови, како и прилично добро димензиониран урбанистички план, сепак - постојат финеси кои може да помогнат да прерасне во најпосакуваната општина за живеење во Скопје.

Комунална полиција и граѓанска „инспекција“

Од суштинско значење за Аеродром (а секако и Град Скопје) е донесување на закон за формирање на Комунална полиција, која ќе може ефикасно да казнува за несоодветно одлагање отпад, погрешно паркирање, узурпирање на јавен простор и тн. Нешто што обичната полиција во моментов не го прави на задоволително ниво (затоа што приоритет на полицијата секогаш е справување со криминалот). Со директно инволвирање на граѓаните во инспекцискиот надзор (волонтери комунални инспектори), потребно е да се отвори можноста сите еко-свесни граѓани да пријават комунален проблем и да добијат одговор по нивната претставка во рок од 24 часа.

Сезонски работници во акција / Фото: М. Лазаревски
Сезонски работници во акција / Фото: М. Лазаревски
Аеродром не е полигон!

Улиците во Аеродром се совршен избор за авто-школите да ги едуцираат младите возачи. Но, несоодветното планирање за времето на одржување на практичните часови предизвикува вистинска „затка“ на повеќе локации низ општината. Во соработка со МВР и авто-школите, потребно е воведување на регулатива која ќе го забрани одржувањето на практични часови во периодот од 7-10 часот и 15:30-17:30 часот, со што би им се овозоможило на аеродромци да стигнат до своите работни места и домови без стрес и непотребно изгубено време.

Улици без глутници и хуман третман на уличните кучиња

Бројот на улични кучиња во Аеродром е во постојан пораст, а ЈП „Лајка“ нема доволно ресурси за згрижување и третман на сите „нови жители“ во општината кои иако ни се мили - сепак, некогаш предизвикуваат страв и опасност. Со промена на Законот за благосостојба на животните, чии промени би наложиле заловените кучиња да не смеат да се вратат назад на улица (туку да бидат згрижени сѐ до вдомување) сликата би се променила драстично. Освен тоа, Аеродром сериозно треба да размисли за формирање на јавно претпријатие на ниво на општина, кое со теренски активности (заловување) би помогнало во справување на овој голем проблем.

Улични кучиња пред влезот на О.О.У. „Љубен Лапе“ / Фото: М. Лазаревски
Куче „се сонча“ на тревникот помеѓу Т.Ц. Бисер и Капитол мол / Фото: М. Лазаревски
Бесплатно „транзитно паркирање“ пред училишта и градинки

Во моментов родителите кои немаат адреса на живеење опфатена во зона D - се соочени со одлука: Да платат за „паркинг за 5 минути“ додека ги оставаат и земаат своите деца од училиште/градинка или да добијат „клешта“ на возилото и висока казна. Можеби звучи наивно, но месечниот трошок за секојдневно паркирање воопшто не е низок. Со воведување на т.н „родителска паркинг карта“, би се намалиле нервозите и трошоците на жителите кои се паркираат само „транзитно“ и во времетраење не подолго од 15 минути. Паркинг картата би се вадела со потврда од училиштето/градинката и би важела само за локациски најблиското паркиралиште.

Автомобил со блокатор од Ј.П. Градски Паркинг пред О.О.У. „Љубен Лапе“ / Фото: М. Лазаревски
Столбчиња на средина на „тесните улички“

Недостатокот на паркинг места претставува вистински проблем, особено на улицата „Вангел Тодоровски“ (во близина на кружниот тек до поликлиниката „Јане Сандански“). Возачите кои одат на пазарење во Стокомак и во најблиската обложувалница редовно го блокираат сообраќајот и кружниот тек, а со тоа фрустрираат илјадници жители кои не можат да се разминат. Со поставување на гумени столпчиња (сепаратори на лентата) на средина на улицата, би се оневозможило паркирање во десната лента и со тоа би се решил овој сериозен сообраќаен проблем. Ова решение може да се забележи на многу туристички места (со голема фрекфенција на возила) каде што има тесно грло и е замислено да ги обесхрабри возачите да го запрат возилото/паркираат затоа што инстантно знаат дека нема да може никој да помине покрај нив.

Непрописно паркирани возила и визуелизација на предлог-решение
Кружен тек на раскрсницата до О.О.У. „Блаже Конески“

Оваа локација во Аеродром е идеална за играње „кукавица“ со останатите возачи, затоа што тука предност има само најхрабриот. Локацијата е сообраќајно „тесно грло“ поради несоодветното димензионирање на просторот и приклучувањата на улиците „Методија Шаторов Шарло“, „Фрањо Клуз“ и „Симеон Кавракиров“ од бул. „Јане Сандански“ (и обратно), особено со зголемениот број на станбени единици и возила во овој дел од општината. Овој инфраструктурен проблем треба да се приоритетизира, затоа што ќе го подобри сообраќајниот хаос и позитивно ќе влијае на безбедноста на возачите.

Раскрсницата пред О.О.У. „Блаже Конески“ / Фото: Google Earth - Street View
Позелено е поубаво!

Кога се преплетуваат „ингеренциите“, институциите често знаат да се оградат од одговорност за состојбата на зелените површини. Од друга страна - жителите кои имаат желба да помогнат во уредувањето на парковите и тревниците на територијата на Аеродром често пати се оневозможени да го дадат својот придонес.

Коректно уредена зелена површина на бул. „Трета Мак. Бригада“ / Фото: М.Лазаревски
Паркот „Васко Карангелески“ претворен во „Парк Нутела“ / Фото: М. Лазаревски

Постојат зелени површини кои полека умираат, затоа што никој не знае дали одржувањето потпаѓа под општината, градот или пак - дали можат/смеат и самите жители да помогнат во тековното одржување. Општината би можела да ги мотивира сопствениците на приватни зелени парцели со т.н. „субвенции за хортикултурно уредување“, би требало да го олесни приклучувањето кон водоводната мрежа и системите за наводнување, би можела да отвори расадник за сопствени потреби и т.н. Зголемувањето на бројот на летниковци, клупи за седење, како и чешми со вода на пиење - секако треба да бидат приоритет на одделот за Комунални работи/урбана опрема.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Apple предупреди: Милијарди iPhone-и се во ризик

Read more

Теми и коментари

Божиќ или Божик?

Read more

Да им се фатите на младите

Read more

Скопје, разбуди се, денеска е Светскиот ден без автомобили

Read more

Росица, извини

Read more
 

Ново

Кардиолозите предупредуваат на навика што го оштетува срцето повеќе од пушење

Читај повеќе

Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска

Читај повеќе

Индија и ОАЕ потпишаа договор за гас вреден 3 милијарди долари

Читај повеќе

Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје

Читај повеќе

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм Старата скопска чаршија: Визии за иднината

Читај повеќе

Сензационално откритие во Италија: Пронајдена изгубената базилика на Таткото на архитектурата

Читај повеќе

Гастроентеролози откриваат кое месо е најлошо за цревата

Читај повеќе

Црна Гора ќе вработи речиси 30.000 странски работници

Читај повеќе

Данок за OnlyFans и Pornhub

Читај повеќе