Рафа благодарен на чичко му: Без него немаше да освојам ниту еден трофеј

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал рече дека е пресреќен што ја освоил 10-тата титула на Ролан Гарос и посебно му се заблагодари на чичко му за заедничката соработка.

„Му честитам на Стен, ти и твојот тим направивте енверојатни работи во изминативе две недели, само продолжи така. Тешко ми е да зборувам, можам само да им се заблагодарам на сите за поддршката, како и на организаторите на турнирот за одлично завршената работа и на сите кои учествуваа во турнирот“, рече Рафа по мечот.

Надал ја освои рекордната 10-та титула на Ролан Гарос со победата над швајцарецот Стен Вавринка со 6:2, 6:3, 6:1.

Во моментот кога го крена трофејот, публиката на стадионот развеа два транспаренти, еден  со огромна бројка 10 и еден на кој пишуваше „Браво Рафа“.

По химната на Шпанија и пред обраќањето на Надал, организаторите пуштија видео со сите досегашни 10 меч топки со кои Надал ги освоил трофеите на Ролан Гарос.

Рафаел му врачи на чичко му Тони Надал реплика на трофејот со неговото име.

„Ова финале многу ми значи, а посебно сум му благодарен на чичко ми кој е со мене од третата година од мојот живот, заедно освоивме 10 трофеи, а без него немаше да освојам ниту еден. Бескрајно му сум благодарен за сѐ“, рече Надал.

„Обожавам да играм на овој терен, пред оваа публика, пред луѓето кои ги сакам, чувствувам поддршка.“

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе