Размена на облека и други активности со Fashion Revolution Macedonia оваа сабота

Размена на облека, редизајн на обувки, работилница за преработка на стари парчиња облека во нови, проекции на кратки филмови, промоција на биоразградлив производ се само дел од активностите во рамки на настанот организиран од „Fashion Revolution Macedonia“, кој ќе се одржи на 5 ноември (сабота) во опуштената и урбана атмосфера во „Platform 0.10“.

„Постојано се сретнуваме со луѓе кои се водат по истите вредности и ја делат нашата визија. Така дојдовме до неколку локални артисти кои работат одржливо и во име на одржливоста и одговорното живеење ќе бидат дел од претстојниот настан“, велат организаторите.

Движењето „Fashion Revolution Macedonia” преку ваквите иницијативи и активности придонесува за намалување на наметнатото купување од брендовите кои се познати како брза мода. Брендовите кои се касифицираат како брза мода, изработуваат 52 модни колекции годишно, истите не се транспарентни за начинот на набавување на материјалите и изработка на истите, за условите во кои работат луѓето кои ја шијат облеката, и за тоа колку ги плаќаат луѓето кои ја изработуваат облеката.

„За да ја намалиме потребата за купување на облека, на овој начин преку размена може да направиме есенска обнова на нашиот плакар со што ќе уживаме носејќи облека која на некој друг веќе му е мала или голема, која не во нивен стил или едноставно веќе е носена на неколку настани и истата само стои во плакарот без да се носи повторно. Размената на облека ќе биде едноставна, и тоа ваша задача e да донесете 5 носливи испрани парчиња облека, и да си земете 5 други парчиња облека од некој што го направил истото како вас. Ова е со цел да ги носиме разменетите облеки и да го обновиме нашиот плакар без да купуваме нови облеки“, потенцираат од Fashion Revolution Macedonia.

Покрај размената, со работилницата за редизајн на облека ќе се даде нов живот и преработка на веќе износените парчиња облека. Исто така, гостите на настанот се поканети да донесат исчистени патики/ штикли подготвени за креативно исцртување. Присуството е значајно бидејќи ќе придонесе за подигнување на свеста за заштита на животната средина и за подобра иднина.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе