Реал со Роналдо, Сити без Давид Силва

Фудбалерите на Реал и Манчестер Сити вечерва ќе го одиграат полуфиналниот реванш, по кој ќе биде познат противникот на Атлетико Мадрид, во финалето на Лигата на шампионите.

Реваншот во Мадрид помеѓу Реал и Манчестер Сити ќе започне со резултат 0:0, откако двата тима пред осум дена во Манчестер не успеаја да постигнат гол.

„Кралскиот клуб“, кој е десеткратен освојувач на Лигата на шампионите, рекорден 27-ми пат се наоѓа меѓу најдобрите четири тимови во Европа. Реал на претходните 26 учества во полуфиналето има половичен учинок, односно 13 пати успеал да мине во финалето.

Манчестер Сити оваа сезона го постигна најголемиот успех во клупската историја, откако преку ПСЖ се избори за своето прво полуфинале во Лигата на шампионите.

Во пресрет на дуелот двајцата тренери се соочуваат со кадровски проблеми. Зинедин Зидан тимот на Реал ќе го составува без повредените Бензема и Каземиро, но она што го радува е веста дека Роналдо е подготвен. Португалецот поради повреда го пропушти првиот дуел на Етихад.

„Кристијано е 100 отсто подготвен. Нема никаков ризик, нормално тренира. Што се однесува до натпреварот ќе биде вистинска катастрофа доколку не се пласираме во финалето. Овој меч ќе биде многу поразличен од првиот, Сити има одлични играчи, особено во нападот, а ние како и секогаш ќе се обидеме да ја играме нашата игра. Не можеме да кажеме дека ќе постигнеме два или три гола во првите 15 минути, но знам дека ќе напаѓаме сите. Мораме да бидеме трпеливи и да играме тимски“, рекол Зидан.

Менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини, тимот ќе го составува без Давид Силва и Пабло Забалета, а под голем знак прашалник е настапот на Јаја Туре иако тој допатувал со тимот во Мадрид.

„Наша цел е да се пласираме онаму каде што не сме биле никогаш во клупската историја. Секогаш е добро кога ќе се вратите на Сaнтијаго Бернабеу, тука ме врзуваат убави спомени. голем е притисокот кога играте тука, но ние имаме карактер и екипа која може да победи во Мадрид. Исто така имаме можност да испишеме нова страница во клупската историја. Ќе се обидеме да го контролираме поседот на топката и да нападнеме од првата минута. Реал не е само Кристијано, ќе мора да играме против сите од првата до последната минута“, рекол Пелегрини, кој дел од кариерата мина како тренер на Реал.

Подобриот од овој дуел ќе му се спротивстави на Атлетико Мадрид во финалето кое ќе се одигра на 28 мај во Милано. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе