Renault ја напушти Русија, но: Производството продолжува под култното име Москвич

Откако групацијата Renault реши да ја напушти Русија по настаните во Источна Европа и руската инвазија на Украина, градоначалникот на Москва најави дека фабриката на Renault во руската престолнина ќе добие поинаква намена.

Имено, првиот човек на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин, изјави дека странските сопственици одлучиле да ја затворат фабриката за автомобили Renault во Москва, но дека функционерите не смеат да дозволат работниците да останат без работа.

„Странскиот сопственик одлучи да го затвори Renault во Москва. Тоа е негово право, но не можеме да дозволиме илјадници работници да останат без работа“, рече Собјанин.

Како решение за овој проблем, Собјанин нагласи дека во иднина фабриката наместо под името Renault, ќе продолжи да произведува автомобили под историскиот бренд Москвич.

„Одлучив да ја префрлам фабриката во градскиот буџет и да го продолжам производството на автомобили под историскиот бренд Москвич. Ќе се обидеме најголемиот дел од тимот да работи директно во фабриката и со нејзините подизведувачи“, нагласи градоначалникот.

Како што појасни, главен технолошки партнер на реновираната фабрика за автомобили Москвич треба да биде руската компанија КАМАЗ (Камски автомобилски завод, по реката Кама, голема лева притока на Волга). Во првата фаза од работата на компанијата треба да се организира производство на класични автомобили со внатрешно согорување, додека во иднина да се префрлиме на производство на електрични автомобили.

„Покрај тоа, заедно со КАМАЗ и Министерството за индустрија и трговија на Русија, работиме на локализирање на производството на максимален број автомобилски компоненти во Русија“, објасни Собјанин.

Инаку, фабриката за автомобили под култното име Москвич има долга историја. Започна со производство на Ford пред речиси 100 години (од 1929), а потоа со децении произведуваше автомобили наречени Москвич.

Од 1998 година фабриката соработува со Renault, а токму од овие производни линии на пазарот пристигнаа и Dacia Logan, Duster и Sandero.

Името Москвич на руски значи „родум од Москва, Московјанец“ и ја потенцира локацијата каде се произведуваат автомобилите - главниот град на Русија. Од почетокот до 1991 година беше во државна сопственост, а потоа до 2010 во приватна. Банкротираше во 2002 по што целосно се затвори во 2006. Во 2008 година Renault Russia презеде дел од производствените погони.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

Која храна докажано го намалува нивото на холестерол?

Read more

Авто новости

Пресметката е јасна: Еуро 7 ги поскапува автомобилите за 2.000 евра

Read more

Што означуваат зелените ленти што се појавија на патиштата во Словенија?

Read more

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more
 

Автомобили

Пресметката е јасна: Еуро 7 ги поскапува автомобилите за 2.000 евра

Читај повеќе

Што означуваат зелените ленти што се појавија на патиштата во Словенија?

Читај повеќе

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Читај повеќе

Загадувањето од гумите е голем проблем - која е алтернативата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Aston Martin го претставува DB12 – разочарување на повеќе полиња

Читај повеќе
  • filter

Bentley ги претстави моделите Bentayga и Continental GTC Huntsman Edition

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Легендарната BMW Серија 5 првпат и „на струја“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Volkswagen ја најави премиерата на Touareg

Читај повеќе