Револуционерен проект на Роскосмос: Вселенска електрана ќе носи енергија на Земјата

Руската државна вселенска корпорација посочува дека преносот на енергија од станицата на Земјата е можен со минимални загуби.

Холдингот Руски вселенски системи (Российские космические системы - РКС), дел од Роскосмос, ги заврши работите на проектот на перспективна вселенска електрана која ќе пренесува сончева енергија од вселената на Земјата, соопшти прес-службата на холдингот.

„Проектот ќе обезбеди редовно снабдување со алтернативна електрична енергија на тешко достапните области на Земјата - острови, планини и северни делови, без оглед на временските услови и делот од денот, а исто така ќе овозможи трансфер на енергија на други вселенски летала за „планирано полнење“ во случај на катастрофа“, стои во објавеното соопштение.

Комплексот ќе се состои од два дела - вселенски и земјен. Во вселената ќе има преносен модул, односно вселенско летало без екипаж со површина од 70 квадратни метри, кое ќе ја акумулира сончевата енергија и ќе ја пренесе на Земјата. На површината ќе има приемен модул, односно систем на антени кои преку ласерски канал примаат сончева енергија, ја трансформираат и дистрибуираат.

Руски вселенски системи посочуваат дека преносот на енергија од станицата на Земјата е возможен со минимални загуби, додека соларните панели сместени во вселената се многукратно енергетски поефикасни од оние кои работат на Земјата.

Во таа насока, истражувачкиот инженер Марија Баркова во одделот за развој на напредна опрема при РКС смета дека проектот е алтернатива на термонуклеарната енергија.

„Во атмосферата на нашата планета сончевите зраци се расфрлаат и речиси целосно ја губат енергетската ефикасност. Сепак на отворен простор ефикасноста од користење на сончевата енергија е десет пати поголема. Може да се претвори во ласерски зрак и да се пренесе на Земјата со минимални загуба на енергија, може да црпи неограничена енергија во вселената од обновлив извор - сонцето“, објасни таа.

Планирано е вселенската централа да биде опремена со контролен уред кој ќе овозможи балансирана дистрибуција на енергија, како и поставување на вакви електрани во сончеви синхрони орбити со наклон од 82, 90 и 98 степени. Прецизното насочување на ласерскиот зрак на подвижни копнени ректени (исправени антени) ќе биде обезбедено со софтверски пакет за синхронизација.

URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе