УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023 - КВАЛИФИКАЦИИ

Ристовски и Адеми ќе играат Лига на шампиони, Барди не успеа

Македонскиот фудбал доби уште двајца претставници во најелитното европско клупско натпреварување откако хрвстски Динамо синоќа успешно ја мина последната пречка и се пласираше во фазата по групи.

Капитенот Аријан Адеми и неговиот соиграч Стефан Ристовски синоќа беа стартери за Динамо на „Максимир“ против норвешкиот шампион Боде-Глимт кој во Загреб допатува со минимална предност од 1:0.

Најпрво Мислав Оршиќ во 4. минута ја затресе мрежата на Норвежаните, а во 35-тата минута често критикуваниот Бруно Петковиќ го постигна можеби голот на својата кариера. Нашиот Ристовски нафрли во шеснаесетникот, Петковиќ ја прими топката, а потоа со прекрасен удар со ножички погоди за 2:0. Во меѓувреме Адеми со одличен удар ја погоди пречката.

Remote video URL

Потоа Норвежаните ја презедоа иницијативата, доминираа и заслужено намалија на 2:1 во 80. минута преку Алберт Гробек.

Remote video URL

Бидејќи вкупниот резултат гласеше 2:2, а УЕФА го исфрли правлото за гол на гости, натпреварот замина во продолженија. Таму беше нерешено речиси до крајот. Кога се очекуваше да се шутираат пенали, Јосип Дрмиќ погоди за 3:1 во 117. минута, а Петар Бочкај во 120-тата ја запечати големата победа на Динамо со конечни 4:1.

Remote video URL

Така, Адеми и Ристовски му се придружија на Елиф Елмас кој со својот Наполи има директен пласман во групната фаза.

Енис Барди во својот трет натпревар за Трабзонспор, каде се пресели летово, биеше битка за своето прво учество во Лигата на шампиони. Тренерот Абдулах Авџ' му ја додели улогата на треквартиста во стартните 11 против данскиот шампион Копенхаген, а Барди беше еден од најактивните на теренот. Данците имаа предност од 2:1 од првиот натпревар, а и покрај големата инцијатива на турскиот тим натпреварот заврши без голови. Тоа значи дека Копенхаген оди во Лигата на шампионите, додека Барди и Трабзонспор ќе мора да се задоволат со настап во Лига Европа.

Синоќа голем успех оствари и шкотски Ренџерс кој на гости славеше кај ПСВ среде Ајндховен со 1:0 со голот на Антонио Чолак во 60-тата минута. Првиот натпревар во Глазгов заврши 2:2, па Шкотланѓаните после цели 11 години повторно се во групната фаза,

Remote video URL

Жрепката за групната фаза ќе се одржи денес од 18 часот во Истанбул. Наполи и Елмас се во третиот барабан, додека Динамо со Адеми и Ристовски во четвртиот.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе