Ристовски позитивен - на повидок кластер „репрезентација“?

Стефан Ристовски објави дека по враќањето од репрезентативните обврски излегол позитивен на тестирањето на новиот коронавирус. Со оглед на тоа што беше дел од трите натпревари, дали на повидок е голем кластер во македонската репрезентација?

Десниот бек Стефан Ристовски на својот Instagram профил ја извести јавноста дека е позитвен на COVID-19 и заедно со сопругата и синот се во карантин во нивниот дом во Лисабон. 

На сторито тој објави фамилијарна фотка на која напиша: „Ковид позитивна фамилија... Ќе се бориме и ќе се вратиме посилни! Останете здрави и безбедни“.

Многу веројатно е дека Ристовски короната ја закачил додека беше со репрезентацијата. Тој настапи на трите натпревари: баражот со Грузија на гости и двата натпревара од Лигата на нации, дома со Естонија и со Ерменија на неутрален терен на Кипар.

Како што дознава Кајгана, во Фудбалската федерација на Македонија веќе има мал кластер. Веројатно допрва ќе излегуваат уште позитивни фудбалери кои беа дел од настапите меѓу кои и историскиот со Грузија кога за прв пат се пласиравме на Европско првенство.

Карантинот на Ристовски нема да му наштети во однос на настапите во неговиот клуб Спортинг бидејќи тој е ставен во немилост на тренерот. Клубот сакаше летово да го продаде, но Ристовски не прифати трансфер во Русија и за казна беше исфрлен од првиот тим. Многу веројатно е дека зимава ќе се пресели во друг клуб, бидејќи со неиграње цела година нема да биде подготвен за настап на ЕУРО.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе