Роботи-убијци: Како може да биде спречена големата закана за човештвото?

Идејата за роботи-убијци ни беше всадена во главата преку холивудските филмови како „Terminator“ и „RoboCop“, но денес таа не изгледа толку далечна како во 90-те години, кога ваквите филмови беа во екот на популарноста. Кои се шансите дека роботите-убијци би можеле да претставуваат закана за човештвото и дали оваа закана може да биде запрена?

Сер Најџел Шадболт, професор по компјутерска наука на Универзитетот од Оксфорд, вели дека вештачката интелигенција (AI) ќе донесе големи придобивки за човештвото, револуционизирајќи ја дијагнозата и третманот за рак и трансформирајќи го образовниот и работниот систем. Ако се појават проблеми, вели тој, тие нема да бидат причинети од „бунт“ на роботите како во холивудскиот хит „Terminator“.

„Јасно е дека опасноста не е причинета од роботи кои решиле дека треба да се побунат против луѓето и тргнале во роботска револуција. Ако постојат роботи-убијци, ќе биде поради тоа што ние луѓето сме биле доволно глупави за да им дадеме такви инструкции во софтверот, без да им биде потреба човечка дозвола“, вели Шадболт.

Тој ја даде оваа изјава пред да говори на конференцијата CogX во Лондон, пред огромен број луѓе од истата индустрија. Со него се сложија скоро сите, а посебно германскиот пионер во модерно машинско учење, Јирген Шмидхубер, кој целосно ја отфрли идејата за пропаст на човештвото преку роботска апокалипса.

„Филмската индустрија знае како да ви всади такви идеи во главата, но заплетите на ваквите филмови се многу смешни и нереални“, рече Шмидхубер.

Претходно и Елон Маск предупредуваше дека вештачката интелигенција претставува голема закана за човештвото, посебно ако таа остане неконтролирана од човечки фактор. И не само тоа, туку и понатаму постојат сомнежи дека роботите и вештачката интелигенција ќе придонесат кон намалување на работните места за луѓето.

Сепак, научниците уверуваат дека луѓето се многу попаметни од тоа и секогаш ќе најдат некоја нова гранка каде ќе можат да бидат отворени работни места. Од медиумите, преку реални шоуа, туристички позиции и социјална грижа, професиите секогаш еволуираат во нешто ново.

Шадболт вели дека нема потреба да се плашиме од роботска апокалипса бидејќи единствениот начин таа да се случи е ако се случи човечка грешка која ќе заборави да го програмира роботот (или AI) да ги слуша наредбите на луѓето. Во спротивно, вели тој, од роботите ќе имаме само придобивки.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе