Роџер Федерер најави крај на кариерата – заминува еден од најголемите на сите времиња

Легендарниот тенисер Роџер Федерер и официјално стави крај на својата богата кариера во која стана симбол на „белиот спорт“. Славниот Швајцарец на социјалните мрежи потврди дека следната недела ќе го игра својот последен турнир.

Федерер (41) во изминативе години имаше многу проблеми со повреди, што резултираше со негово отсуство на бројни турнири. Зад него е тешкото опоравување од четвртата повреда на коленото, која воедно му беше и последна во кариерата. Швајцарецот одлучи дека не може повеќе да го прави тоа.

Дека ќе ја заврши кариерата можеше да се насети во претходните месеци бидејќи неколку пати откажуваше враќање на турнири. Сега е официјално, односно потврдено на официјалната веб-страница.

Федерер ќе игра на Лејвер купот во Лондон и тоа ќе биде негов проштален турнир. Турнирот ќе се игра од 23 до 25 септември, кога љубителите на тенисот за последен пат ќе уживаат во магијата на големиот тениски херој.

Федерер на своите профили објави писмо упатено до фановите во кое ја објаснува својата одлука да стави крај на кариерата.

„Денес сакам да споделам новости со вас. Како што сите знаете, последните три години ми донесоа предизвици од повреди до операции. Работев напорно за да се вратам во натпреварувачка форма. Сепак, ги знам мојот капацитет и физичките граници и последната ми беше јасен сигнал. Имам 41 година и одиграв повеќе од 1.500 натпревари во мојата 24-годишна кариера. Лејвер купот следната недела во Лондон ќе биде мојот последен АТП турнир. Во иднина ќе играм тенис, но не на Грен слем турнирите и на АТП“, рече Федерер.

URL

Вака се заокружува приказната за тенисерот кој многумина го сметаат за најдобар на сите времиња. Тоа е заминување на херојот на многу генерации кој освои 103 АТП титули вклучувајќи 20 Грен слем титули.

Без разлика што не ја завршува кариерата како човек со најмногу Грен слем титули во историјата, неговата елеганција, грациозност и невиден стил на играње тенис го ставаат на самиот врв.

Повредата на коленото не беше нешто што Швајцарецот можеше да го надмине, а последниот меч го одигра на Вимблдон во 2021 година.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

Која храна докажано го намалува нивото на холестерол?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ напиша на камерата: Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството

Read more

Ѓоковиќ успешно стартуваше на Ролан Гарос

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Ивановски загуби во Србија од нискорангираниот Халијак

Read more
 

Спорт

Меси потпишува за Саудијците, воопшто немало понуда од Барса

Читај повеќе

Алиоски ќе се врати во Ал Ахли

Читај повеќе

Ништо од пресвртот за историја: Мајами ги декласираше Селтикс за финале во НБА

Читај повеќе

Официјално: Почетино е новиот менаџер на Челси

Читај повеќе

Во Англија не го сакаат, но: Калчо гигантите се тепаат за Мегваер

Читај повеќе

Ѓоковиќ напиша на камерата: Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ успешно стартуваше на Ролан Гарос

Читај повеќе

Пиоли: Милан мора да се засили за да биде конкурентен

Читај повеќе

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Читај повеќе