Родители и ученици протестираа пред средното медицинско, не сакаат квалификациски тест

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Ученици и нивни родители претпладнево протестираа пред влезот на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов““ во Скопје затоа што не сакаат квалификациско тестирање од кое ќе зависи кои ученици ќе бидат примени во прва година во 2020/2021 за насоката медицинска сестра на албански наставен јазик.

Во Конкурсот на МОН за оваа насока за настава на албански јазик се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број максимални 75 бодови се пријавени 166 ученици.

Тие требаше да имаат денеска тестови по предметите биологија и хемија и од успехот и резултатите да се одреди кои ученици ќе бидат примени во училиштето. Учениците и родителите со извици протестираа во училишниот двор, барајќи да се отвори уште една паралелка за да нема елиминациски тест.

Директорката на училиштето Маја Салиу е недостапна за изјава за да информира дали ќе има средба со родители или дали од МОН има насоки како да се постапи. Во медицинското „Д-р Панче Караѓозов“и во минатите години имаше поголем број прјавени со успех 5.00 во основно, а и протести од родители кои не се согласуваат со дополнителни тестови.

Покрај во медицинското во Скопје, квалификациско тестирање денеска треба да има во уште две средни училишта за истата насока – медицинска сестра, но за настава на македонски јазик – во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, каде што за слободни  34 места односно една паралелка се пријавени 39 ученици, и во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, каде што за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максинални (75) бодови. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе