АФЦ ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Роналдо потполно збесна на кинескиот судија, пцуеше па луто оттурна навивач

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо синоќа доживеа вистински нервен слом поради контроверзните судиски одлуки за кои се чини дека беше во право.

Роналдо и неговиот Ал Наср се пласираа во групната фаза од азиската Лига на шампиони. Саудискиот клуб славеше со 4:2 со одличен пресврт на крајот против Шабаб Ал-Ахли од Обединетите Арапски Емирати.

Но, португалската фудбалска ѕвезда целосно ги загуби нервите во првото полувреме. Кинескиот судија Фу Мин не досуди два, се чини, очигледни пенали над Роналдо.

URL

Португалецот прво му се развика на судијата, а подоцна и на четвртиот бидејќи немаше реакција од помошниците за промена на судиската одлука. Во тие моменти тој пцуеше, а потоа налутено турна навивач во близина на аут-линијата, кој наводно сакал селфи со португалскиот фудбалер.

URL

Сепак, Роналдо на крајот од натпреварот го заборави сето тоа и  со соиграчите емотивно го прослави пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите.

Роналдо и Ал Наср на утрешната жрепка ќе ги дознаат своите противници во групната фаза. Ал Наср се наоѓа во четвртиот барабан. За разлика од европската, азиската Лига на шампиони е поделена на западен и источен дел, поради далечината од едниот до другиот крај на континентот. Така, Роналдо ќе може да игра само против тимови од Иран, Катар, Узбекистан, Јордан, Ирак, Таџикистан, Туркменистан и Индија, а не и против екипи од Јапонија, Кина, Јужан Кореја, Тајланд, Австралија итн. Тимовите од источниот и западниот дел можат да се сретнат единствено во финалето.

Лани, Ал Хилал загуби во големото финале од јапонската Урава Ред Дајмондс со вкупен резултат 2:1 (1:1 и 1:0).

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе