Роскосмос ја напушта Меѓународната вселенска станица

Кајгана / МИА
/ 03.05.2022 / 12:45

Генералниот директор на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин потврди дека Русија ја напушта Меѓународната вселенска станица (МВС).

Тој рече дека Москва одлучила да ја напушти МВС поради економските санкции кон Русија по инвазијата на Украина. Овој потег го означува крајот на ерата на глобална соработка и е своевидна кулминација на лошите односи. САД и Русија веќе имаат планови кои не ја вклучуваат застарената МВС, а Русите и претходно јасно ставија до знаење дека имаат намера да ги продолжат своите вселенски операции без да соработуваат со Американците.

Руските новински агенции објавија дека изјавата на Рогозин е и официјална крајна одлука.

– Одлуката е веќе донесена и не сме обврзани јавно да зборуваме за тоа. Само едно можам да кажам, согласно нашите обврски – ќе ги информираме нашите партнери за прекин на нашата работа на МВС со објавување една година порано, рече Рогозин.

Набргу откако Русија го почна нападот врз Украина, САД и кога други земји воведоа санкции кон Русите, како што се наведува – Рогозин на шега рече дека Американците отсега би можеле да вршат вселенски лансирања „користејќи метли“, бидејќи повеќе не можат да сметаат на руските ракети „Сојуз“. Тој ги осуди санкциите на Западот и најави прекин на соработката со американската вселенска агенција НАСА и европската ЕСА.

Американскиот милијардер и визионер Илон Маск изјави дека неговата компанија SpaceX може да помогне во функционирањето на МВС.

Соопштението на Роскосмос го означува крајот на успешната научна соработка меѓу Москва и Вашингтон. Русија, САД, Канада, Јапонија и ЕСА соработуваат на МВС од 1998 година.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе