Русија бара од Германија отштета од 82,3 милијарди долари за злосторствата од Втората светска војна

Макфакс
/ 26.05.2023 / 11:18

Руските обвинители побараа од Московскиот регионален суд да ги признае злосторствата извршени од нацистичка Германија во московскиот регион за време на Втората светска војна како геноцид, проценувајќи дека штетата е околу 6,4 трилиони рубљи, или 82,3 милијарди долари.

Според Reuters, не е јасно дали таквиот потег е вовед во новите барања за финансиска компензација од Русија за модерна Германија, со која односите сериозно се влошија поради војната во Украина.

Обвинителите побараа од Московскиот регионален суд „да ги признае утврдените и новооткриените злосторства извршени од германските фашистички напаѓачи“ во регионот на Москва во периодот од октомври 1941 до јануари 1942 година за воени злосторства и злосторства против човештвото и геноцид врз советскиот народ.

За тоа време во областа беа убиени повеќе од 26.000 луѓе, додека советските граѓани беа подложени на тортура, грабеж, принудна работа и депортација, се вели во соопштението.

Reuters известува дека околу 27 милиони советски граѓани ги загубиле животите во Големата патриотска војна.

Воени репарации од Германија неодамна побара и Полска, која бара да ѝ се исплатат 1.300 милијарди долари. Откако Германија кон крајот на минатата година официјално објави дека за Берлин „прашањето за репарации и компензација за воените загуби е затворено“ и дека „германската влада нема намера да отвори преговори на оваа тема“, Варшава најави дека ќе бара поддршка за нејзиното барање од Обединетите нации.

реклама

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Свет

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Read more

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Read more

Вести

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Читај повеќе

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Читај повеќе

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Читај повеќе

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Читај повеќе

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Читај повеќе

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Читај повеќе

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе