Русија ја напушта УЕФА: По 9 месеци под казна смисли нов план

Руската репрезентација и клубовите од таа земја би добиле шанса повторно да играат меѓународни натпревари, но далеку од Европа.

Додека трае Мундијалот во Катар, европскиот фудбал би можело да доживее неочекувана промена. По речиси една година суспензија од сите натпреварувања, Русите размислуваат да ги напуштат сите натпреварувања под капата на УЕФА и да се преселат во Азија.

Ваквата одлука ќе им овозможи на репрезентацијата и клубовите повторно да се натпреваруваат на меѓународна сцена, што им е забрането уште од март 2022 година.

За овие размислувања на фудбалска Русија претходните денови пишуваа тамошните медиуми, но и некои од најугледните европски весници. Сите се повикуваат на изјавата на претседателот на Руската фудбалска федерација, кој своевремено беше против таа опција, но...

„Пред неколку месеци кажав дека е прерано да се размислува за Азија, но сега верувам дека тоа е можност што треба да се разгледа“, изјави претседателот на Сојузот Александр Дјуков, пренесуваат руските медиуми. На неговата изјава се повикува француски L'Équipe, угледен весник кој консултирал политиколози и заклучил дека постојат големи шанси овој трансфер навистина да се случи.

Потсетуваме, во февруари ФИФА и УЕФА донесоа одлука да ги суспендираат сите руски клубови и репрезентацијата од нивните натпреварувања, откако Москва започна „специјална воена операција“ на истокот на Украина. Репрезентацијата и клубовите кои настапуваат во европските натпреварувања поднесоа жалба до Судот за спортска арбитража, но не успеаја да ја добијат таа постапка, па во текот на претходната сезона не можеа да играат натпревари против европски селекции.

На оваа тема своевремено зборуваше и Дјуков.

„Сè уште не сум разговарал со претставниците на Азија, бидејќи Европа нè гледа како дел од семејството. Би било непристојно од нас зад нивен грб да влеземе во преговори“, изјави тогаш првиот човек на рускиот фудбал. Очигледно во последно време ситуацијата се промени, па и Русите размислуваат за алтернативи.

Потсетуваме, доколку Русија ја напушти УЕФА и почне да се натпреварува во АФЦ, нивната репрезентација би се обидела да стигне до Светското првенство преку азиските квалификации, каде за ривали се селекциите како Јапонија, Австралија, Јужна Кореја, Иран, Саудиска Арабија. ,... Исто така, екипите би играле клупски натпреварувања во Азија, што би било многу интересно да се види.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе