Руски новинар остана без акредитација за ЕУРО поради посети на Нагорно-Карабах

Рускиот новинар Нобел Арустамјан остана без акредитација за Европското фудбалско првенство поради повеќекратни посети на Нагорно-Карабах, ерменска енклава на територијата на Азербејџан, која е под контрола на Ерменија и населена со мнозинство Ерменци.

Арустамјан, кој е од ерменско потекло, а известува за руската телевизија Матч ТВ, објави дека не добил акредитација за следење на ЕУРО 2020 кое заеднички го организираат 11 европски градови, вклучувајќи ја и азербејџанската престолнина Баку.

За акредитација на новинарите на ЕУРО 2020 е потребна согласност од сите 11 национални фудбалски федерации.

Потпретседателот на Фудбалската федерација на Азербејџан, Елкан Мамадов, потврди дека неговата земја стои зад блокадата.

– Ова лице повеќе пати ги посетило окупираните територии. Тој човек ги прекршил законите на нашата држава, покажувајќи непочитување кон територијалниот интегритет на Азербејџан, изјави Мамадов за локалните медиуми.

Одбивањето да му биде издадена акредитација на Арустамјан предизвика гнев кај неговите руски колеги и матичната куќа.

Портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, истакна дека „нејзините служби работеле цела ноќ“ со УЕФА во обид да му биде овозможено на Арустамјан „да ги извршува своите професионални обврски“, воздржувајќи се, притоа, од критики кон Азербејџан со кој Русија одржува добри односи.

– Верувам дека ќе се најде решение, порача портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе