Рускоска: Протестите „За заедничка Македонија“ биле директно организирани од ВМРО -ДПМНЕ

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски и Антонио Кочков на 13 мај ќе бидат повикани да сведочат на рочиштето во кое се обвинети поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, дека се организатори на насилствата од 27 април во Собранието.

Денеска во Кривичниот суд сведочеа Михаил Младеновски и референтот за систем и гласање во Собранието, Сашко Коцевски.

Обвинителката Вилма Рускоска по рочиштето изјави дека сведочењето на Младеновски ја покажува инволвираноста на една политичка партија, но и на структури од полицијата, односно структурите во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање. Додека од сведочењето на Коцевски, рече таа, дека може да се заклучат два апсекта.

– Прво, дека протестите под мотото „За заедничка Македонија“ биле директно организирани од политичката партија ВМРО -ДПМНЕ, а исто така не толку, за дали требало да му даде збор на Зекири Ибраими или на некој друг, колку што ме интересираше, односно сакав да слушне и јавноста и судот, дека во моментот можел Трајко Велјановски да го исклучи мониторот на говорницата кога тогашниот пратеник Зекири Ибраими започнал да ја пее албанска химна, појасни Русковска.

Адвокатот на тројца од обвинетите Еленко Миланов, пак, вели дека несериозно е сведокот Коцевски кој бил дипломоиран педагог да толкува деловодник.

– Вториот сведок според неговите генерали е дипломран педагог којшто во својата струка постапува со деца во претшколска и осмолетка и тој остана да толкува деловник, што сметам дека е сигурно несериозно. Овој сведок не потврди дека можел да исклучи, затоа што самиот претседател може тоа да го исклучи  од 2017, а до 2017 односно пред овие настани тоа можело да биде само преку компјутерскиот центар. Сметам дека апсолутно времетраењето на пеењето на Зекири, сознанијата што е и како е не дозволувало таква рекација и со тоа сметам дека ништо не се потврдува, истакна Миланов.

Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе