Суперхеројскиот филм ја победи конкуренцијата на доделувањето на наградите кои многумина ги сметаат за најава на Оскарите.
SAG наградите, во кои актерите ги наградуваат своите колeги за остварувања од претходната годите, беa одржани во Лос Анџелес, 25 година по ред.
Овие награди се сметаат за предвидување на добитникот на Оскар, а суперхеројската приказна „Black Panther“, прв таков номиниран за Оскар за најдобар, доби две награди.
За најдобар актер е прогласен Рами Малек, актерка Глен Клоуз, а за споредни улоги Махершала Али и Емили Блант.
Екипата на „Black Panther“ е наградена со признание за најдобар актерски ансамбл, а во говорот се заблагодарија за можноста да изградат свет каков што сакаат да гледаат во реалноста. Филмот ја доби и наградата за најдобар каскадерски тим.