Утрово се одржа трката за Големата награда на Австралија во Формула 1 на која славеше Карлос Саинс во двојна победа на Ферари.
Возачот на Ферари ја искористи одличната можност што му се укажа бидејќи Макс Верстапен, кој стартуваше од првата стартна позиција, имаше проблеми со својот болид уште на стартот на трката.
Саинс го престигна веќе во вториот круг и го презеде водството, а Холанѓанецот мораше да се откаже во петтиот круг поради дефект на сопирачките.
Саинс славеше само две недели по операцијата на слепото црево, а победата на Ферари во Мелбурн ја комплетираше Шарл Леклер, кој го освои второто место со најбрзиот круг покрај неговото име. Ландо Норис во Мекларен стигна до првиот подиум во сезоната завршувајќи на третото место.
Заедно со Верстапен трката не ја заврши само Луис Хамилтон од Мерцедес.