Салах стана рекордер на Ливерпул

Мохамед Салах стана најдобар стрелец на Ливерпул на сите времиња во Премиер лигата, откако постигна два гола во победата над Манчестер Јунајтед со 7:0 и стигна до својот 129-ти гол за тимот од Енфилд во ова натпреварување.

30-годишниот Египќанец го собори рекордот на легендарниот Роби Фаулер, кој во кариерата постигна 128 гола во Премиер лигата, а претходно ги надмина Стивен Џерард (120) и Мајкл Овен (118).

Иако се мачи оваа сезона и не е на исто ниво како минатите години, Салах одигра одличен меч против лутиот ривал Манчестер Јунајтед и со два гола им помогна на соиграчите да стигнат до победа која може комплетно да им ја сврти сезоната, но кога го постигна вториот, со кој го собори и рекордот, го соблече дресот, ги покажа мускулите и колку му значи тој успех.

URL

„Ова е многу посебен и важен момент за мене и не можам да лажам, ова ми беше на ум откако дојдов во Ливерпул. По првата сезона секогаш размислував за него и затоа е неверојатно што го соборив денес против Манчестер Јунајтед и тоа во натпревар кој заврши со овој резултат“, изјави Салах.

Салах дојде од Рома во 2017 година, а веќе постигна 32 гола во првата сезона во Премиер лигата. Следната година постигна 22 гола, а потоа во сезоната 2019/2020 постигна 19 гола. После тоа во следните две сезони постигна 22 и 23 гола, додека во оваа има 11 првенствени голови.

Ливерпул со вчерашната победа се врати во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона, а тренерот Јирген Клоп истакна дека оваа победа ќе им покаже на ривалите на Ливерпул дека не треба така лесно да ги отпишуваат.

URL
реклама
Прогласена најубавата плажа на светот

Прогласена најубавата плажа на светот

Read more
Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Read more
Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Read more
Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе