Збогатете ја трпезата со овој рецепт за салата со макарони, туна и маслинки. Одлична е како предјадење за било која посна слава, а се подготвува навистина брзо.

Посните салати со тестенини се особено вкусни бидејќи можат дури и да заменат цел оброк, а посната салата со макарони претставува врвен специјалитет со кој ќе бидете одушевени. Од додатоци можете да ставате што и да посакате, а ние ви го пренесуваме рецептот за салата со тука и маслинки.
Потребни состојки:
- 1 пакување макарони
- 2 конзерви туна
- 100 гр маслинки
- посен мајонез
- зачини по желба
Подготовка:
Макароните сварете ги стандардно, процедете ги и префрлете ги во сад. Почекајте да се подизладат па додадете туна која претходно сте ја исцедиле од маслото. Додадете ги и маслинките (цели или сечкани), мајонез и зачини по желба. Сето тоа убаво измешајте го, па сервирајте.