Сали: Пациентите не треба да бидат жртви на одредени задоцнети политики

Министерот за здравство, Беким Сали, коментирајќи го протестот на матичните лекари изјави дека пациентите не треба да бидат жртва на одредени задоцнети политики и посочи дека не успеале да убедат само мал дел од матичните лекари, односно околу 25 проценти од нив.

-Очигледно ние како Министерство не успеавме да убедиме само еден мал дел, тоа се 25 отсто од матичните лекари. Слободно проверете, две здруженија од трите поголеми здруженија на матичните лекари не се дел од овој штрајк и не се вклучија во изразување на бојкот на работа во којшто жртви односно подебелиот крај го извлекуваат пациентите, а не системот. Затоа што измени во системот се прават преку разговори, а не преку штрајк во којшто за жал пациентите се тие што страдаат, порача Сали во одговор на новинарско прашање по настанот на тема „Справување со дезинформации околу вакцинацијата – потреби и предизвици“.

Според Сали, не станува збор за протест, туку за штрајк со тридневно изразување револт кон политиките на Министерството за здравство.

Протестот на Здружението на приватни лекари започна вчера, а ќе трае и утре. Тие одлучија, преку мирен протест да побараат зголемување на капитацискиот бод, електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, како и да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години.

Лекарите кои се вклучени во протестот најавија дека нема да издаваат упати и рецепти, а ќе примаат само итни случаи.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе