Samsung најавува уште побрзо ажурирање на телефоните во Европа

Samsung го повлече првиот потег, време е и другите производители да почнат со оваа практика.

Би рекле дека одамна поминаа деновите кога Samsung нудеше лоша софтверска поддршка за своите смартфони, бидејќи оваа компанија е лидер во областа на надградба на софтвер во Android светот веќе 2-3 години. Секако, секогаш има простор за подобрување, а сега Samsung прави уште еден чекор напред во тој поглед.

Имено, според најновиот извештај кој доаѓа од Galaxy Club, корисниците на Android телефони во Европа во иднина би требало уште побрзо да добиваат ажурирања, објави gsmarena.com.

Имено, Galaxy Club известува дека Samsung развива фирмвер со уникатна класификација на кодови (CSC) за сите свои претстојни телефони во Европа. Идентификаторот EUX е веќе присутен на 4G верзијата на телефонот Samsung Galaxy A52, како и на флексибилните телефони Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3, а тоа ќе биде случај за повеќето телефони Samsung што ќе бидат претставени во Европа до крајот на оваа година.

Во превод, тоа значи дека во иднина Samsung би можел од самиот почеток да почне да испраќа ажурирања до сите уреди во Европа, без претходно да дојде ажурирањето, на пр. на серијата Galaxy S21, потоа на Galaxy A72 итн. Ова е многу голем потег на Samsung, кој сигурно ќе привлече повеќе купувачи на Galaxy телефони.

Galaxy Club известува дека сериите Galaxy S22, Galaxy A53, Galaxy A33 и Galaxy A13 ќе бидат објавени со единствен EUX идентификатор, а речиси е сигурно дека Samsung Galaxy A73, Galaxy A43 и другите ќе го имаат истиот идентификатор.

За потсетување, Samsung беше првиот во Android светот што имплементира три големи Android ажурирања и четири години безбедносни ажурирања, додека водечките уреди имаат дури пет години безбедносни ажурирања.

Samsung го имплементира ова на претставувањето на серијата Samsung Galaxy S20, во 2020 година, а набргу потоа сите водечки производители на Android телефони почнаа да ја следат оваа практика. Samsung отиде чекор понапред, другите се на потег.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Софтвер

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Read more

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе