СДСМ: Уставните измени не задираат во идентитетот, тоа е техничка измена

Во 32 години независност, Мицкоски е единствениот политичар кој упорно тврди дека европската агенда не е иста со македонската агенда што значи дека тој има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата, се вели во соопштението од владејачката СДСМ.

„Европската агенда е и македонска агенда, а единствен што сака да ги одвои е токму Мицкоски. Христијан Мицкоски добро знае дека за продолжување на европскиот пат на државата потребно е усвојување на уставните измени“, сметаат тие.

Во соопштението понатаму се вели дека предложените уставни измени не задираат во ниту едно идентитетско прашање, туку се работи за техничка измена на Уставот со која покрај постојните делови од народи кои се вклучени во Преамбулата се додаваат и делови од други народи и истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ.

Со измените се забрзува процесот на интеграција во ЕУ, со отворањето на првите поглавја од преговарачкиот процес. Овие уставни измени се последната шанса Мицкоски и ДПМНЕ да застанат на страната на интересите на граѓаните и државата и да докажат дека навистина сакаат да ја видат државата како полноправна членка на ЕУ, за што постојано декларативно се залагаат, додаваат од СДСМ.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе