Компанијата која застана зад проектот вертикална шума во Кина повторно ќе реализира уште една идеја - шума во која ќе се живее.
Кина е понесена од успехот на облакодерите со дрвја и смета дека блокот на целосно зазеленети згради ќе претставува вистинска оаза со свеж воздух. Градот ќе се простира на еден квадратен километар и има во план да ги пошуми сите станови, хотели и училишта со повеќе од 40.000 дрвја.
Овие пошумени зданија ќе го прочистуваат воздухот, ќе создаваат идеална сенка во екстремно жешките денови и ќе ја намалат потрошувачката на електрична енергија бидејќи се одлична изолација.
И овој проект е дело на италијанскиот изведувач Stefano Boeri Architetti, а се очекува да биде завршен до 2020 година.