Се помести италијанско-швајцарската граница поради топењето на глечерите

Високо во снежните Алпи, топењето на глечерите ја помести границата меѓу Швајцарија и Италија, со што локацијата на италијански планинарски дом стана спорна.

Границата меѓу овие две земји се наоѓа покрај област каде што водата од стопениот снег и мраз тече надолу од двете страни на планината, кон едната или другата земја. Но, поради топењето на глечерот Теодул, таа област се доближила до планинарскиот дом Rifugio Guide del Cervino, кој се наоѓа во близина на врвот Теста Гриџо (3.480 метри).

59-годишниот турист Фредерик го посетил ресторанот во домот. Менито е на италијански, а не на германски, а цените се во евра, а не во швајцарски франци. Сепак, тој нарачува парче пита на пултот и прашува: „Па, дали сме во Швајцарија или Италија?

Креветите се на швајцарската страна

Ова прашање беше предмет на дипломатски преговори кои започнаа во 2018 година, а завршија со компромис минатата година, а деталите останаа во тајност, пишува AFP.

Кога домот бил изграден во 1984 година, неговите 40 кревети и долгите дрвени маси биле целосно на италијанска територија. Но, сега две третини од домот, вклучувајќи ги повеќето кревети и ресторанот, технички се наоѓа на југот на Швајцарија.

Договорот за промена на границата беше склучен во Фиренца во ноември 2021 година, но информациите за него ќе станат достапни за јавноста дури кога ќе бидат одобрени од швајцарската влада, што нема да се случи пред 2023 година.

Целиот проблем започна по топењето на глечерот Теодул, кој изгуби речиси четвртина од својата маса помеѓу 1973 и 2010 година. Поради ова, неговиот карпест дел излезе на површина, што го промени првичниот договор заснован на движење на водата и ги принуди Италија и Швајцарија повторно да го исцртаат 100 метри долгиот дел од нивната граница.

„Се расправаме за територија која навистина не вреди многу“

Ален Вихт, главен граничен службеник во швајцарската национална картографска агенција Swisstopo, рече дека ваквите прилагодувања се чести и најчесто се решаваат со споредување на читањата на геодетите од пограничните земји, без мешање на политичарите.

„Се расправаме за територија која навистина не вреди многу. Но, во овој случај станува збор и за планинарски дом, кој на земјата ѝ дава одредена економска вредност“, рече Вихт.

Неговите италијански колеги одбија да коментираат „поради сложената меѓународна ситуација“.

Поранешниот шеф на Swisstop Жан-Филип Амштајн рече дека ваквите спорови обично се решаваат со размена на парцели со еднаква големина и вредност. Во овој случај, Швајцарија не е заинтересирана да добие друга област на глечерот.

Поради долгогодишни преговори, доцнеше и реконструкцијата на планинарскиот дом бидејќи селата од двете страни на границата не можеа да издадат градежна дозвола. Затоа, работата нема да биде завршена навреме за планираното отворање на новата жичарница на италијанската страна на Клајн Матерхорн на крајот на 2023 година. Патеките се достапни само од швајцарскиот ски-центар Цермат.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Свет

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе