Седум зимски шоферски дилеми: Што е мит, а што вистина?

Крајно време е да се справиме со некои од зимските митови кои кружат меѓу возачите.

Митовите се однесуваат на релативно благите зими на нашето поднебје, а не на екстремните минуси кои владеат, на пример, во Сибир, Алјаска, Канада и слично, каде што важат некои други правила.

Иако некои од овие верувања некогаш важеле, во модерните автомобили (од поново производство) не мора да се грижите за нив. Иако поискусните возачи имаат „големо знаење“, не треба да се занемари напредокот на технологијата, па затоа големите тајни на малите мајстори заминуваат во историјата.

Некои, сепак, уште „држат вода“.

1. Кога температурата е под нулата, ладилникот треба да биде покриен со картон

Картон, гумени/пластични ролетни и слични помагала навистина беа ефективен дел од додатоците во старите автомобили. Ваквите третмани некогаш имаа смисла, но кај старите автомобили и камионите со вентилатор на кој постојано му треба погон, со термостати кои недоволно го исклучуваа протокот на течноста за ладење или беа дупнати/отстранети за да не „прокува“ моторот во летните горештини. Но, факт е дека денес ваквите автомобили се реткост и најмногу може да се најдат во музеи, колекциии или депонии, додека на модерните автомобили не им е потребна таква „дополнителна“ опрема.

Зошто? Одговорот е едноставен: течноста за ладење циркулира т.н. мала циркулација пред температурата да достигне приближно 70°C. Тоа значи дека до тоа време не поминува низ радијаторот. Во случај термостатот добро да се затвори на ниски температури и да почне да истекува над 70°C, нема потреба да го покривате радијаторот, всушност, тоа не се препорачува!

2. Во возилата со дизел се препорачува додавање бензин или етанол

Ова е уште еден мит кој некогаш имал оправдување, но денес е дури и опасен за современите мотори. Иако додавањето мала количина бензин или денатуриран алкохол во резервоарот во случај на постари дизајни го давало посакуваниот ефект, кај современите мотори со директно вбризгување гориво може да предизвика голема штета. Затоа, запомнете дека какви било експерименти од ваков вид сериозно ја загрозуваат издржливоста на вашиот мотор и состојбата на вашата банкарска сметка.

3. Загрејте го моторот пред да почнете да возите

Тоа е уште еден мит. Експертите се согласуваат дека најдобриот начин да го стартувате автомобилот во зима е да почекате неколку секунди по палењето на моторот и потоа да почнете со возење. Моторот кој работи под оптоварување едноставно се загрева побрзо.

Сепак, не заборавајте да избегнувате брзо возење веднаш по стартувањето. Имено, моторот најчесто се прилагодува на возење на ниски температури, па затоа возете со умерена брзина.

4. На предната оска треба да се постават подобрите зимски гуми

Тема за дебата. Најдобро е да имате релативно добри гуми на двете оски, но ако веќе треба да изберете, експертите јасно советуваат да го наместите подобриот пар гуми на задната оска. Имено, станува збор за отпорност на лизгање, бидејќи губењето на грипот на предните тркала полесно се контролира отколку губењето на истиот на задните. Овој совет се однесува на „обичните“ возачи кои се огромно мнозинство на патиштата.

5. Поскапиот дизел е поотпорен на смрзнување

Ова е навистина точно.

Според стандардите, дизел горивото треба да издржи до -20°C. Под оваа температура, парафинот може да почне да кристализира што ќе го блокира филтерот за гориво. И производителите на премиум дизел гориво наведуваат дека нивните производи можат да издржат дури и под -30°C.

6. Ако го паркирате автомобилот во гаража во зима, нема да рѓосува

За жал, тоа не само што не е точно, туку сосема спротивно, особено ако преку ден возите по улици каде снегот е измешан со сол со која се посипуваат улиците, а навечер автомобилот го паркирате во гаража каде температурата е над нулата.

Имено, снегот помешан со сол во вакви услови се претвора во солена кашест снег кој ги напаѓа сите откриени делови. Значи, парадоксално, автомобилите што се користат редовно и се чуваат во топла гаража во зима се повеќе склони на корозија од оние што се паркирани на улица.

7. Во зима не ви треба клима уред

Ова исто така не е точно, бидејќи неактивноста ги оштетува компонентите на климатизерот. Затоа се препорачува овие уреди да се користат редовно во текот на годината, барем еднаш неделно по неколку минути.

Системот мора да се подмачка со специјално масло, кое се наоѓа во ладилното средство, кое потоа се дистрибуира низ циркулацијата за време на работата на климатизерот. Редовната употреба на клима уредот, меѓу другото, го штити компресорот (најскапиот елемент на системот) од корозија. Покрај сето горенаведено, клима уредот е добар сојузник во борбата со кондензираната „магла“ на шофершајбната и страничните стакла бидејќи го суши воздухот во кабината а со тоа и стаклените површини.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе